дека (сврз.) - шега (имн.)

Имав слушнато дека шегата во некои случаи помага.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Точно како и децата, старците пред зима не се поинакви: тие знаат дека шегата или брзата, непромислена навреда ќе им биде простена или ќе се заборави во следниот миг на играта.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Со лопата да ги ринеш... сакам да му речам на мојот двојник, но молчам и чекорам, осатавам тој да ми се јави откако ќе утврди колку е непријатно кога го игнорираат твоето присуство.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не ми беше познато како ја пренесол тој мојата прикаска но разбрав дека шегата му го намалила угледот во семејството и му донесла и модрица под ребрата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Прифаќам! Се извинувам. Дури сум спремен и да се сложам со тебе дека шегата не е нашиот единствен проблем! Ги имаме и премногу.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)