дека (сврз.) - наспроти (предл.)

Но, греши кога сугерира дека Бојс е сепак подобар политичар отколку уметник и греши исто така во својата последна книга (2) кога го зема здраво за готово прочуениот концепт на проширена уметност и прави од месијанската визија на уметникот свој непремостлив хоризонт.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Со развитокот на бирократско-корпоративниот капитализам се губи таа индивидуална авто­номија, владетелскиот круг на луѓе станува хетерономен: неконформизмот на протес­ тант­ската етика се заменува со насоченоста кон признавањето од страна на социјалната група, на која � припаѓа индивидуата; Идеалното Јас радикално ја менува својата содржина и некако станува „внатрешно”, се состои од исчекувањата на соодветната старосна група на околината, такашто изворот на моралното задоволство веќе не е чувството дека наспроти притисокот однадвор сме останале доследни самите на себеси и сме ја извршиле нашата должност туку повеќе чувството дека лојалноста кон групата сме ја ставиле над сето останато.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Но вистина е, застрашувачка вистина, дека наспроти величината на злосторот што нацизмот со себе го влече, секогаш е можно да се направи релативен, нормален, реапроприран, доместициран.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Таа докажува дека наспроти дискурсот за еднаквост на жените, доминацијата на мажите над жените беше претпоставена од, и имплицитна во, марксистичко-ленинистичката теорија. okno.mk | Margina #1 [1994] 37
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Едноставно забележувам дека наспроти еден ваков Бојс нема што повеќе ниту да се каже, ниту да се противречи.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Не претендирам дека некаква друга изложба на Бојс би била пожелна или возможна.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
На крајот, самиот Евгенијадис во врска со тоа сметал да го напише следново: “Сметам за нужно тука да изнесам дека наспроти проширените гласови, ниту една од грчките општински установи или бројни цркви во градот не настрада...
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)