дека (сврз.) - американски (прид.)

А Американците се сторија три да му судат на хакерот од Лондон Кој еднаш им беше напишал во компјутерскиот систем Дека американската надворешна политика Е слична на државно спонзорираниот тероризам Многу му беа бесни Американците на хакерот од Лондон Оти знаеја дека тој повеќе ги изрезили Од пијаните офицери кои некогаш ќе задоцнеа со симнувањето на гаќите При празнењето на бешиката и на дебелото црево Ние коалите слатко си се потсмевнувавме Оти на дело се покажа пред очите на цел свет Дека ако сме дембели не сме барем мочковци и серковци И дека тие работи си ги вршиме на раат Откако ќе сониме дека сме качени многу високо на дрвото Или ќе се видиме во огледало со венец на глава А што е најважно кога одиме по нужда Со саати читаме стари весници и секси ревии.
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
А баш тука филмот се става на хартија.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
74 За ГШ на НОВ и ПО на Македонија ослободувањето на Македонија значело и сигнал за напуштање на територијата на Македонија од страна на британските и американските воени мисии.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Единствено прифатливо извинување за постојаното глорифицирање на филмовите од англискиот период во однос на оние од американскиот е носталгијата, иако дури и таа станува досадна. •Дали сметате дека американскиот филм и денес е најзначајна кинематографија на светот? • Да, бидејќи го опфаќа целиот свет.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
63 АСНОМ е одржан на 2 август 1944 година. Се чини дека американските известувачи како да имале информации за неговото одржување уште пред тој да биде одржан.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Така некако, Џон Хауард, истакнатиот геј-историчар, приговара дека американската геј- и лезбијска историја „честопати ги заташкува еротските интеракции на теми од квир-историјата. Засегната со идентитетот, со културата и со политиката, таа понекогаш учтиво ја превидува онаа веројатно дефинирачка одлика на тој потфат, хомосексот“.101
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)