дека (сврз.) - денешен (прид.)

Се гледаше дека денешниот лов му е успешен.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Само Корилче изостанува, се колеба дали да тргне и тој по нив, се колеба само за час, зашто тој знае дека денешниот ден е тажен за нивната куќа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Притоа, ми се чини дека денешнава негова облека е уште поубава од вчерашната“.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Еве сигурна сум дека денешнава дискусија ве поттурна малку во права насока.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
„Да-да-да, и јас обрнав внимание на тоа, - велеше другиот паѓајќи од смеа.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Мислам дека најголем дел од зборовите ги користиме за да се заштитиме од другите луѓе, а не за да ја изразиме взаемната љубов; зборовите станаа материја за правниците, а не за поетите; сѐ повеќе ни е потребно во општеството да го воведеме - и мислам дека токму тоа е она што ги проникнува и им дава боја на толку голем број, ако не на денешната младина, тогаш на младите од претходната генерација - тоа барање и изразената желба за љубов, во еден анархичен свет.  К: (...) Наклонувањето на тие луѓе (Хипиците), а се надевам дека денешната младина ќе го прифати тоа, опфаќаше и такви животни работи како што е исхраната.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)