дека (сврз.) - добар (прид.)

Веруваше дека добрата судбина му го дари ова големо пријателство на Балканот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Социјализам со човечки лик: Тоа значи дека добриот бог ве куртулил од среќата да ги делите кујната и бањата со уште три-четири семејства.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Но Даниел ѝ рече, „Дали веруваш дека добри мисли може да се заѕидаат во куќа?“ Девојката јасно истакна. Да, верувам.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Онаа лекција на мајка ми дека добар секс се нуди за евтини пари на секое ќоше, ама дека сите се во потрага по вистинска љубов, ме додржа мене во истата кујна, до шпоретот и... добро де, и во спалната во која влегуваа туѓи парфеми и парчиња кожа под ноктите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Не знам што сè велеше попот во тој свој говор, ама чинам дека срцето ми имаше чуство дека добри зборови слушам.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Настаните кои се навестуваа, ја замаглуваа нашата надеж дека добриот ангел ќе ја мине границата и ќе го донесе каталогот на Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Со тоа сакам да кажам дека добри глумци се оние кои достигнале висок статус во општеството, т.е. во друштвото, на овој или на оној начин.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)