дека (сврз.) - домашен (прид.)

Значи, и со бегол поглед може да се дојде до заклучок дека домашната „популарна ликовна уметност“ нема допирни точки со некои светски текови на популарноста, и тоа не само затоа што очевидно не произлегува од една развиена пазарна логика (според која навистина постои законот на понуда и побарувачка, а не само побарувачка), туку и затоа што не ги развива своите комуникациски обрасци (што сепак се случува во турбо-фолкот) и заостанува во непроменливоста на малограѓанскиот вкус (за секогаш детерминираните критериуми на „вредност“) и во парохијалниот аутизам (инцестуозна некомуникативност). Маргина 37 171
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тој предвиде дека информатичкиот автопат (денешниот Интернет) ќе стане најважниот светски извор на информации и дека домашниот компјутер ќе стане вообичаена работа.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Промена на умот (реформатирање) може да се случи само во услови што ја дуплираат “домашната култура”. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 32 Тимоти Лири ЕЛЕКТРОНСКИ КУЛТУРИ Ако родителите не читаат или ако дома нема весници, списанија, книги, децата се во голема мера хендикепирани кога срамежливо (или дрско) ќе влезат во застрашувачката, обезличена првоодделенска училница. (Многу добри учители го разбираат овој принцип, па ја претвораат училницата во домашна атмосфера на поддршка.) Сите ние ги чувствуваме импликациите за реформатирање на умствените фајлови (широко познати како помош во читањето).
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Може да се смета дека домашната територија на овој пар се генерира од едноставните компоненти - внатре-во-главата (коишто делумно се научени а делумно наследени) и од оптичките знаци на сините и жолтите објекти.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Јас дури заборавив дека домашните ми рекоа веднаш штом ќе нѐ пушти учителот да си одам право дома, зашто имавме некоја работа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Се разбира, веќе не во смисла на некој естетски идеал кон кој се стреми, туку во смисла на потрага по продукција на значења.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ова значи дека домашните медиуми што семејството ги користи ќе ги форматираат датотеките на процесирање на мислите (десната хемисфера) на детето.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)