дека (сврз.) - значаен (прид.)

Но тие беа свесни дека значаен дел од овие зборови повеќе не беа во употреба.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Макс Ернст некаде околу 1950 год., зборувајќи во Арт клубот во осмата улица во Њујорк, рече дека значајни промени во уметноста некогаш се случуваа секои 300 години, додека сега се случуваат секои десет минути.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Треба да се спомне дека значајното лице веќе не беше младо, беше добар сопруг, почитуван татко на семејство.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Некој од нив, воден од сочувство, одлучи да му помогне на Акакиј Акакиевич барем со добар совет, велејќи му дека тој не би пошол кај реонскиот началник, зашто може да се случи реонскиот, сакајќи да заслужи пофалба од претпоставените, и да го пронајде на некој начин шинелот, тогаш шинелот сепак ќе остане во полицијата, ако тој не им достави законски докази дека шинелот му припаѓа нему; туку дека е најдобро тој да му се обрати на едно значајно лице, дека значајното лице, откако ќе испрати писмо и ќе се поврзе со оној со којшто треба, може да направи работата да тргне поуспешно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Пред сè, би било праведно да се каже дека значајното лице набргу по заминувањето на кутриот, сосема сотрениот од него Акакиј Акакиевич, почувствувало нешто слично на сожалување.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Неговата сопруга, сѐ уште млада жена и дури и доста убава, прво му ја подавала раката за бакнеж, а потем, откако ќе ја преобрнел на другата страна, таа му ја бакнувала неговата рака.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Штом излегол од кабинетот пријателот што беше допатувал од внатрешноста, дури се замислил за кутриот Акакиј Акакиевич.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Потребно е да се каже дека значајниот човек начисто излажа: имаше време, тој со пријателот веќе одамна се изназборува за сѐ и сешто и веќе одамна разговорот го испресекуваа со многу долги молчења, лесно протресувајќи се еден другего по рамо и додавајќи: „Така ти е тоа, Иване Абрамович!“ – „Така, значи, Степан Варламович!“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но и покрај тоа тој му нареди на чиновникот да почека за да му покаже на пријателот, кој веќе одамна не бил во служба туку си живеел дома в село, колку време чиновниците чекаат во неговото претсобје.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)