дека (сврз.) - извесен (прид.)

Техника во служба на говорот: тука не се повикуваме на некоја општа суштина на техниката која веќе би ни била позната и би ни помогнала да го разбереме, како пример, тесниот и историски определен поим на писмото.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Напротив, сметаме дека извесен тип прашања за смислата и потеклото на писмото му претходи, или барем се преплетува со извесен тип прашања за смислата и потеклото на техниката.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сепак, постои И трета можност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Постои една друга област во философијата кадешто се чини дека извесни нешта можат да бидат И изразливи И неизразливи: парадоксите на самореферентноста.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И тој успеал ова да го заборави, да замачка очи само во текот на една авантура: како самата таа авантура.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Всушност, сличноста помеѓу двете ситуации е поблиска отколку кај некоја едноставна површинска аналогија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Поновите истражувања, засновани на современиот научен пристап на личноста, во многу што успеаја да го тргнат велот на тајната од творештвото, но и понатаму го поддржуваат ставот дека творештвото, првенствено уметничкото, во суштина е абнормална состојба, бидејќи во моментите на интензивно вдахновение ги има сите карактеристики на присилно невротично дејство, кога творецот чувствува дека извесни идеи му се наметнуваат со некоја натприродна сила така што делото не е сосема негово туку и на некоја мистична сила која му го диктира стихот (Блејк), мелодијата (Моцарт), линијата или обликот (Микеланџело), коишто треба да се извлечат од дотогаш неорганизираната материја и да им се даде форма.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Се надеваше дека извесно време во текот на ручекот ќе биде оставен сам но лошата среќа го натера имбецилниот Парсонс да се плесне покрај него, ширејќи мирис на пот и речиси исчезна слабиот мирис на јанијата дрдорејќи без прекин за подготовките околу Неделата на омразата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Му се стори дека извесно време Џулија е премногу мирна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Нивното уверување дека нивната критика на германската философска традиција супституирала реалност наместо илузија, наука наместо фантазија, беше во голема мерка зајакнато од фактот дека тие имаа револуционерна партија и програма - конкретен предлог за тоа како да се обезбеди искуствена проверка за нивното тврдење дека извесни своевремени зла (на пример доходовните разлики, невработеноста) не се нужни.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Тие удари ми помогнаа најпосле да сфатам дека извесни злосторници-нинџи намерно ја преместиле светата вазна за да можат да ми наместат. И ова сознание се чинеше незадоволително.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
„Иако критичарите досега биле восприемчиви, особено последниве две децении, за важноста на срамот, на насилството и на стигмата во историското досие, повеќето од нив и натаму сметаат дека извесни облици на [настраното] искуство се забранети.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Знам дека извесни американски интелектуалци се чудат што европските љубители на филмот, а посебно Французите, го сметаат Хичкок за филмски автор во смисла во која тоа се слуша кога се зборува за Жан Реноар (Jean Renoir), Ингмар Бергман (Ingmar Berg- man), Фредерико Фелини (Frederico Fellini), Луис Буњуел (Louis Bunuel) или Жан-Лик Годар (Jean-Luc Godard), но што има чудно во тоа?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)