дека (сврз.) - мал (прид.)

Кога Винстон се сврте од пултот со подавалникот во рацете, забележа дека малото човече оди право кон масата на девојката.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да ми кажеше пак некој дека мали деца, како мене и помали од мене, седат пред тие дрвени справишта што Игбал ги нарече разбои и чепкаат со прстињата по цел ден, не ќе можев да поверувам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Добро, но дечињата не го разбирале мачешкиот јазик и сметале дека малото шарено маче со шарено главче и долго меко опавче, сака пак да го потргнат за опавчето.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Затоа е неопходно училиштето да ги научи децата да мразат, а тоа да не изгледа така, зашто нашата култура не може да ја истрпи помислата дека мали деца можат да се мразат едни со други.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Второ, фирмата што избира стратегија за нејзиниот нов производ мора да се обиде да ги погоди можните стратегии на останатите фирми знаејќи дека мали промени во сопствената стратегија би можеле да ја нарушат насоката на другите.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Децата го гледале и си мислеле дека малото маче си игра со своето опавче, зашто многу мачиња си играат така, го гледале и слатко се смееле.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
На Ица и на Најда ни на крај памет не им паѓаше дека малиот всушност воопшто не оди на училиште.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)