дека (сврз.) - мајчин (прид.)

Исто како што нејзините поттици биле таму со првите зборови и со првите чекори на синот, така и нејзината благост дава трајна дозвола за неговата изведба – која тој истовремено ја изведува за неа, со неа и како неа (86).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа е лик на мјузиклот (86) и лицето во чие име се разработува жанрот мјузикл (83).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ќерката најпосле ги проникнува и ги отфрла мистификациите на родителскиот договор, сфаќајќи дека мајчините отровни изјави на љубов дејствуваат само како стратегии за озаконување на бескрајната емоционална злоупотреба.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Токму во нејзината сенка, под нејзино покровителство и преку идентификација со неа, настраното момче кое ѝ е, ете, син добива поттик/забрана да се воздигне до сопствената општествена и субјективна дејственост – односно, да изведува – и со тоа му се овозможува да си го обезбеди, неизвесно и малку веројатно, сопствениот идентитет, сопственото несигурно и провизорно место во еден ненаклонет општествен свет. ‌Во контекстот на Циганка, Милер може да тврди дека мајчиното отфрлање на ќерка си и мајчиниот обид да ја преосвои сцената за себе на крајот од мјузиклот предизвикуваат особено обессилувачки и разорен шок кога се гледаат од гледиште на момчето чиј сопствен пристап до изведбата првобитно го дозволил ликот на мајка му – мајка која своевремено го навела да верува дека, преку неа, и тој ќе може да си има место.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Она што започнува како адолесцентски бунт завршува со опојна морална победа кога родителот најпосле е обвинет, суден и осуден од сопствената уста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)