дека (сврз.) - најдобар (прид.)

Откаде тоа? Оттаму што Swatch е навистина уметност, производ на нашето време.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Можеби некој подрзок наскоро ќе рече дека најдобрите уметнички дела кон крајот на дваесетиов век се производи каде што е видлив спојот меѓу убавината, имагинацијата и врвната технологија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тие собири се мошне добро посетени - иако манифестаци­ јата е од полузатворен тип, редовно има меѓу 5 000 и 7 000 посетители.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Камилски спиеше малку, меѓу две големи читања, му беше мила изреката дека најдобар начин да си ги оствариш соништата е да се разбудиш, и тоа по можност што порано.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Помисли дека најдобра снаа за нејзе би била некоја што е нема, по можност и да е кратковида, што не ќе може да гледа од носот подалеку.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ако, на пример, преминуваме преку улица и ни наидува некоја кола, нема да можеме долго да опстанеме ако ни треба долго време за докажување на некоја теорема, пред да одлучиме дали е вистина или не, дека најдобра акција во тие околности е да останеме каде што сме или да скокнеме настрана.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Добро, знам дека тоа не е оригинално, знам дека многумина така направиле, знам дека најдобрите од мојата генерација многу порано од мене здувнаа некаде... ама јас не можам да зборувам во нивно име од причина што мене не е нив.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Научи дека најдобри пријатели ти се оние со кои ти е убаво и кога молчиш. И аман веќе, замолчи! ***
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Зар можеше да е тоа истата онаа девојка која уште пред некој ден ме дочекуваше во ходникот за да ме обавести дека во вечерната програма на телевизијата ќе се прикажат прекрасни филмови, но дека најдобрите играат сепак во киното Центар.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)