дека (сврз.) - непознат (прид.)

Почека дваесетина секунди со намера дека непознатиот ќе се јави.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Денес ме виде во паркот како седам, и кога пријде увилен, блед и стресен јас сетив дека непознат човек гледам како што гледа во мене таа есен.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Во ниеден момент не станавме енфатични, разговаравме како од нешто веќе познато и усвоено гледајќи се меѓусебно без повредување, верувам дека Мари-Клод ме пуштала да дојдам и да бидам во нејзината сегашност како што можеби Маргарита би одговорила на мојата насмевка врз стаклото да не се испречеа толку 62 претходни калапи, толку не смееш воопшто да одговараш ако некој ти пријде на улица или ако ти понуди бонбони и те викне на кино, сè додека Мари-Клод, веќе ослободена од мојата насмевка упатена кон Маргарита, Мари-Клод на улицата и во кафулето, сè додека таа не помисли дека тоа била добра насмевка, дека непознатиот одоздола не ѝ се насмевнал на Маргарита за да опипа некаков инаков терен, и дека мојот бесмислен начин да ѝ пријдам бил единствениот разбирлив, единствена причина да рече да, можеме, да можеме да позборуваме во кафулето со пијалок.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Не забележав кога влеговте“, рече и веднаш помисли дека непознатиот му припаѓа на оној пргав сој претставители на службените настани кои милуваат директно да ти се втурнат во проблемот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)