дека (сврз.) - ниеден (прид.)

Тоа ќе рече дека ниедна песна и никогаш исцело не е завршена и дека постојано има место во неа за понов и поинаков пристап.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Тргнувам од сознанието дека ниедна од двете половинки на целото не е иста со другата. Тие меѓу себе се само - комплементарни. Како Адам и Ева; како идеално на две пресечено јаболко; како 1/2 + 1/2 = 1.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Значи гледаме дека ниедно множество закони кои се изведени на едно ниво не можат да служат како крајни арбитри за она што ја образува реалноста на друго ниво на опсервација и контрола.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Веќе Џордано Бруно докажува дека ниедно движење трајно не може да ја сочува формата на кружница.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
„Кампот“, вели Естер Њутн (зајмејќи фраза од Кенет Бурк), „е стратегија за ситуација“.251 Кампот дејствува од позиција на обезмоќеност за да ги прекодира општествените кодови чија културна моќ и престижност не дозволуваат едноставно да се разбијат или да се пренебрегнат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Втемелен е врз темелната машка геј-интуиција дека моќта е насекаде, дека е невозможно да се избегне моќта, дека ниедно место не е надвор од опсегот на моќта.252 Кампот е облик на отпор кон моќта кој се дефинира со свест дека си сместен во рамките на неизбежна мрежа од односи на значење и сила, со перцепцијата дека опфатниот режим на хетеронормативното значење е неменлив, но дека, сепак, е достижно одредено ниво на слобода во однос на него.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто, и покрај нејзината дрскост, таа има егалитарен, инклузивен полнеж: таа укажува дека ниедна трагедија, ни твојата, не може и не треба да полага право на толкава вредност што да претполага неприкосновено право да се сфаќа исклучиво сериозно – односно, да се сфаќа направо стрејт – во свет каде што страдањето на некои луѓе по правило се обезвреднува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Го сметале за волшебник и до земја му се веднеле; тој ги поучувал и муслиманите и православните со еднаква грижа: не посегај по туѓиот живот, на господа му е потежок твојот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И со насмевка што им била својствена само на најблагородните левантински филозофи што во своите мисли го ставале човекот над верите и над расите, бавно, со свиркање на воздухот од неговите гради помеѓу секој збор, објаснувал дека ниедна болештина не е посилна од возвишеноста на духот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пеце се погледна со децата. Виде дека ниедно од нив не сака да биде дете на најгазда.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)