дека (сврз.) - основен (прид.)

Целосниот збир на однесувањето на машината во пракса најверојатно би барал дескрипција во неколку нивоа; не е доволна едноставната редукција на правила кои одговараат на само едно ниво, а секако дека основното хардверско ниво не е доволно за разбирање на комлексното однесување на машината.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Тој тврди дека основната прет­поставка на материјализмот е всушност картезијанската претпоставка дека материјализмот повлекува антиментализам а дека ментализмот повлекува антиматеријализам.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Утврдивме дека основниот расцеп во шизоидната личност е пукнатината што го оттргнува сопственото јас од телото: Јас/(тело-свет) Таквиот раскол го кине индивидуалното сопствено битие на две, на таков начин што јас-чувството станува лишено од телото, а телото станува средиште на системот на лажно јас.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
За Марко Бошнаков се тврдело дека во Солун дошол кога и Јордан Попјорданов, дека бил член на “субверзивниот комитет“ и дека основна негова задача била да им помага на членовите на Кружокот да ги извршат “злосторничките дела“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Гоце Делчев и Ѓорче Петров, откако сфатиле дека основна задача на Сарафов и на неговите пријатели - офицери била да го преземат раководството на Македонската револуционерна организација, за да ја насочуваат нејзината дејност според желбите на кнезот Фердинанд, му ја скратиле поддршката што му ја давале во почетокот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Првата измена и дополнување е донесена во 2010 година.69 Од аспект на работничките права овде е значајно дека основните услови за работа и вработување на привремените агенциски работници кои ќе бидат исполнети за времетраењето на нивното отстапување кај работодавачот корисник, се истите оние услови кои би се обезбедувале доколку работниците би биле вработени директно од страна на истиот работодавач за извршување на истата работа.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Посебно беше нагласено, што беше од особен интерес за западните сојузници, дека основната парола на НОД не е "победа на комунизмот" туку "смрт на фашизмот, слобода на народот", бидејќи "комунистите во Југославија не можеа да ја наметнат својата волја и доктрина, а по ослободувањето ќе имаме независна Југославија и слободен народ со сите демократски слободи".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во однос на идното уредување на Балканот, Смодлака ја застапувал тезата дека "мора да имаме балканска федерација и првиот чекор би бил унија меѓу Бугарија и Југославија", а кон која би се приклучила и Албанија "со исти права", со што би се добила федерација "доволно силна да одбие секаков било напад од која било страна".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во сиве наведени мислења, кои се, во основа идентични, се забележува дека основното сознание води кон една одредена генерализација: суштинските вредности прозата на Чинго ги остварува во доменот на стилот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Оваа промена го навестува големиот број на порестриктивни одредби во начинот на доделување на средствата за вработување на инвалидно лице на неопределено време. 107 Имено, се пропишува дека основен критериум за утврдување на висината на доделените неповратни средства ќе биде бројот на вработени инвалидни лица.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Тимоти Лири ВЕЧНА ФИЛОЗОФИЈА НА ХАОСОТ Во овие илјадници години стана очигледно дека основна природа на универзумот е екстремната комплексност, необјаснивиот неред - таа таинствена, заплеткана величина популарно позната како Хаос.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Поетичните Хиндуси веруваа дека универзумот е приспивен танц на илузијата (maya).
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)