дека (сврз.) - познат (прид.)

Исмаил-ефенди, пак, сомневајќи се дека пред себе има познато лице, не можејќи да поверува дека познатиот “терорист“ од Велес ќе ја има дрската смелост да патува слободно во возовите на султанот, и тоа во својот град Велес, не се осмелил дури да влезе во разговор со него.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ако рационалното објаснување не мора да биде она вистинското, туку само едно можно, плаузибилно објаснување, тогаш, “повикувањето на идеологијата при поединечните или заедничките (идеолошки) акции не може да биде валиден доказ за причинско-последичната врска меѓу идеологијата (идеолошкото знаење) и (идеолошката) акција на поединецот”.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Бидејќи објаснувањата на “идеолошката” акција, како што покажува витгенштајновската ситуација, не можат да бидат ослободени од апсурдноста и парадоксалноста, Саркањац смета дека познатата Витгенштајнова констатација за “општата болест на мислењето” слободно може да се промени во “општа болест на идеологијата”, од која идеологијата не може да се ослободи, иако постојано ќе се обидува да го најде лекот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тоа значи дека познатата хуманистичка раздвоеност меѓу животот и уметноста (човечката имагинација и ред, versus хаосот и нередот) веќе не стои.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)