дека (сврз.) - последен (прид.)

Ако источнобугарското наречје се признава за најтипично, тогаш многу е јасно оти самата географска далекост на македонскиот центар од него е доста да покаже дека последниов не може да биде бугарски.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И ќе одговорат дека интересите на татковината секогаш се погоре од интересите општонародни и дека последниве се само средство за првите, а не наопаку.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Останаа стотиците страници во библиотеките на Татко и Камилски за заедничката балканска историја на народите низ зборовите, на кои ретко кој им го посветуваше нужното внимание, но и неопходните заклучоци за нивното долговечно постоење.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не постоеше никаква надеж дека последниот заеднички проект за (без)опасните османскотурски заемки, ниту додека беа живи ниту потоа, ќе биде од некого прифатен за печатење.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ги броеше своите последни воздишки со надеж дека последната бргу ќе стаса.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Можеше да се помисли дека последните зборови на П.П., за ископаните очи на светците од фреските, го предизвикаа мракот. П.П. престана да зборува.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сега беше јасно дека последните авторитети тре­ба­ше да бидат ликовите на непогрешливите творци на комунистичката идеологија, манипулираните филозофи, како и Водачот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Не верував во верност, Оче Симеоне. Нели ти кажав порано дека последниот заб гниел во челуста на тој некогашен цар.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се јавуваат пријателот (му раскажува за проводот на синоќешната журка), мајка му (дека последен пат вечерал кај нив минатиот петок), девојката (вчера имала работа, не можела да дојде во „Штрк“ на еспресо во 6).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Па, што е иако е така?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Конечно, од неколку години наваму, се појавило главно во Русија, трето мислење... вистина е, според него, дека последниве (Словените) несомнено им се сродни на обеве националности (бугарската и српската) и претставуваат одделна гранка на големото словенско семејство...
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Изгледаше дека последната средба со Марин Крусиќ е навистина и последна, бидејќи цела година помина како тој не се појави.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Имено, треба да го земеме предвид фактот дека последните измени и дополнувања од еден друг закон, Законот за минимална плата74 предвидуваат истата од јануари 2015 година истата да изнесува 9.590 денари во нето износ и истата да важи за сите сектори, освен за секторите производство на текстил, облека и кожа каде минималната плата за јануари 2015 изнесува 8.050 денари во нето износ и износот од 9.590 денари би го достигнала за две години.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Службениците му ги подаваа потврдите од шалтерите како да му ја издаваат неговата сопствена посмртница - толку се надеваа дека последен пат се гледаат.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
„Наместо последната третина од животот да ја минуваме во страв, слабост и беспомошност, мислам дека последната третина треба да биде триумфална свеченост со журки и веселби.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Ми се чини дека последниот се оддолжи како цела вечност!
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)