дека (сврз.) - прв (прид.)

Се знае дека првиот вистински чекор за успех во иднината е самодовербата на нас луѓето, во себе си, како нација, како Македонци, да се цениме себе си, да си ги познаваме корените, да си ги почитуваме предците!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Но секако, мораме од 20-ите години на овој век да тргнеме уште поназад, да речеме кон Тркалото на Marcel Duchamp од 1913 година. Frank Popper во својата монографија „Кинетичка уметност” (1975) заклучува, дека првото уметничко дело кое им одговара на пластичните и теорет­ски барања на кинетичкиот објект е Кинетичкиот волумен (1920) на Naum Gabo, кој заедно со својот брат Antoin Persner, е автор на познатиот Реалистичен мани­фест.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Доколку сакате врз мене да ги примените библиографско-биографските критериуми, можам да речам дека првата книга ја напишав доста рано, а потоа осум години не напишав ништо.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Една мошне развиена машина со електронски мозок се нарекува “Charactron”, а големиот сметач за експерименти од нуклеарна физика дури се вика “Maniac”. (заб. на прир.: само да потсетиме дека првото издание на книгата “Светот како лавиринт”, кое на моменти прозвучува неверојатно актуелно и од кое користиме делови, е објавено 1957-та година) Athanasius Kircher, Проучување на оглас okno.mk | Margina #26-28 [1995] 204 Margina #26-28 [1995] | okno.mk 205
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Со надеж дека првите десет броја на Маргина беа само “почеток на едно долго пријателство”, и со ветување (уште едно, дадено на несигурна почва!) дека вакви “авторефлексивни излети” ќе има сѐ помалку, задоцнето ви го честитаме влегувањето во новата и “филмска” 1995-та. Г.Н. Ом 4 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Претпоставувам дека првиот манирист бил Микеланџело.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Многумина веруваа дека првата прав од слетувањето на првиот хеликоптер на Тумбица ќе се крене токму на денот на Света Богородица Голема кога Брчалото ќе се врати со кандило донесено од Америка за католичката црква што допрва треба да се гради.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Иако не втасав да му понудам нешто да прикасне, не чувствував вина.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ќе додадам уште дека првата вечер во воденицата, Иван ја прескокна вечерата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Знаев дека првото прашање ќе биде какви се моите впечатоци од Македонија, бидејќи ова прашање е општо, јас претчуствував дека тоа ќе ми го поставите...
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ми тврдеше дека првиот ред од секое сочинение го содржи во себе сето она што потем се преподава во него, како зрното пченица што во себе го содржи целиот подоцнежен клас, зрната многубројни, целата нива род.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Слично беше и кога еден британски таблоид, сакајќи да го драматизира потресниот случај на некој „типичен, горопаден пивопиец и спортски делија од дваесет и нешто години, до уши зацопан во свршеницата“, кој станал геј преку ноќ како резултат на спортска повреда, објави дека првите загрижувачки знаци се појавиле не во облик на хомосексуален порив кај младичот, туку во облик на неочекувана незаинтересираност за резултатите од рагби, во вид на неспособност да разговара со пајташите арпаџици и некоја нова склоност кон саркастичност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сите пациенти подоцна изјавуваа дека првиот впечаток бил многу пријатен.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Не било тешко да се претпостави дека првото сомневање ќе падне врз оние луѓе што патувале со пасош на некоја од балканските земји и особено на оние што биле дојдени од Бугарија, а сега патувале пак за Бугарија105.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Иако беше предупреден дека првиот што ќе стапи на тројанското тло ќе биде веднаш убиен, синот Лаертов прв скокна од бродот, но прво на својот штит којшто пред тоа го фрли на брегот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Беше лута на некого што некогаш ја излажал дека првиот бакнеж е прекрасен и дека се памети цел живот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ако сега ве прашам кој ,од овие два збора, според вас е поедноставен, постои прилично голема шанса да кажете дека првиот збор изгледа поедноставно затоа што содржи лесно препознатлив образец а имено само едно здодевно повторување на двојката АБ.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Не ме фаќајте за збор, ама мислам дека првата ЈУ-лименка беше пивото БИП.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Во импресумот може да се види дека првиот број на Забавник излегол на 28 февруари, 1938.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Ами, знаеш дека прво намалкување и се крена тоа пострупеното од главчето на Здравко.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но ако тапчото е за еден степен поумен, момчето би размислувало вака: ’Овој виде дека првиот пат кажав непар, па вториот пат инстинктивно ќе направи проста промена од непар во пар, како што играше првиот тапчо; но кога ќе подразмисли, ќе сфати дека тоа е премногу проста промена и конечно ќе реши да игра со пар, како и претходно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Да не мислиш дека првиот Адам во Рајот можел да уништи еден единствен цвет или страк трева? – Не сме во Рајот – се заинаети момчакот. – Овде, под месечинава, сè е смртно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ти велам дека розата е вечна и дека само нејзиниот лик може да се смени.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тогаш изгледа дека првата мисија не ја завршив успешно.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Татко се обидуваше да дојде до некаков заклучок за општата борба во јазиците пред да ја започнат нивната: Може да се рече, мој Камилски, дека првиот јазик мајка, не беше единствен јазик, туку беше збир на сите природни јазици?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се сметаше дека првиот чекор кон таа повисока цел беше создавањето јазик за сите од сите јазици!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сме те зеле у средина, можиме и да те сомелиме! објаснува Петра и за да го промени разговорот плашејќи се погрешно да не ја сфати Митра шегата, уфрла дека надвор излегол и Дине Бочаровски, на ава, ама и вреден бил, ја крпел бараката, во омјасот се гледало дека му е добро, ама дека првата ноќ не сме се покажале како луѓе, а и на добро излегло Вака барем сам си има кујќа! заврши Петра.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Си бил татко, знаеш колку е мачно, колку е тешко во туѓина да чуеш дека прв пат си станал татко...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Молчи, Јордане! Засрами се!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
На Едо му направи впечаток тоа дека првиот човек кого тие го внесоа во училиштето не го вратија.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Нешто порано му кажав на дон Хуан дека првите шпанци, кои дошле тука, ја викале реката Колорадо во Аризона “ел рио де лос тибуронес”, и реката добила име “ел рио де лос тибуронес (река на ајкулите)”.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
- Има време, ќе научам - помисли - да се надеваме дека првиот училишен ден никој нема да ме запраша токму за Лазо Ангеловски.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Не знам дали открија нешто, ама знам дека првите денови момчињата изгинаа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И токму кога сакав да се свртам кон Величе, се сетив дека првото и основно наше правило е дане ги издаваме имињата на членовите на бандата, па се сепнав навреме и продолжив со решителен глас.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)