дека (сврз.) - природен (прид.)

Велеше, уште со својот резон на автодидакт, дека природните феномени верно се одразуваат како на огледало врз човековиот дух.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Татко во комплексното значење на касметот, како судбина, како фаталност, имајќи го на ум постојано својот ракопис за Историјата на Балканот низ падовите на империите, извлекуваше поука дека природна судбина на секоја цивилизација на Балканот била да се извиши, потоа да се распадне и на крајот да се разнесе во прав.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со тоа како да си наоѓаше оправдување што го напушти проектот чија смисла на постоење се разгоруваше при секој толкуван збор со Камилски со потекло од времето на Османската Империја, и сега посебно од зборот касмет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сега почнуваме да согледуваме дека ние самите во природата сме го проектирале тој математички поредок и дека природните закони не сме ги откриле туку Margina #26-28 [1995] | okno.mk 93 во најдобар случај одново сме ги откриле.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Никаде не стои дека природните закони се токму онакви какви што ние сме ги формулирале.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)