дека (сврз.) - работен (прид.)

Митревски ја прифати прераспределбата и оттогаш тој е повторно во редовен работен однос во НУЦК.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Битно е да се нагласи дека работната атмосфера после окончувањето на спорот и враќањето на работа е коректна.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Дополнително се пропиша дека работното време на овие лица не смее да надмине осум часа во период од 24 часа. (чл. 8 од ЗИДЗРО/фев.10).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Член 21 во целост е спротивен на Законот за работни односи, каде што е дефинирано дека работниот однос е договорен однос.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Општествените конструкции, со други зборови, не се неточни и погрешно е да се смета дека општествената анализа имплицира дека темелните интуиции за светот ни се заблудени и неосновани.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Напротив, тие се многу основани – работата е само во тоа што основата им е во нашето општествено постоење, а не во природата на нештата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Затоа, да се бараат општествените основи на субјективитетот не значи да се побиваат најдлабоките чувства и интуиции на луѓето и да им се сведуваат на статус на обични илузии и делузии.359 Тоа, едноставно, значи да се објаснуваат. ‌Втората премиса ми е дека работните обрасци на машкиот геј-субјективитет не треба да се стремат да ја оградат родовата ориентација од сексуалноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Бидејќи машките геј-практики честопати се пројавуваат во детството, долго пред почетокот на сексуалната активност, и бидејќи изгледа во голема мера се неповрзани со каква било сексуална активност, искушение е да се смета дека претставуваат појава што е сосема независна од еротскиот живот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Впрочем токму тогаш се сетив на оној наш разговор за ситите и гладните; она кога ми рече дека навистина го сожалувала социјализмот особено наутро кога ќе забележала дека работниот човек воопшто не мисли на него туку само на својата утроба.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
ЗРО (1993) пропишуваше дека работен однос на определено време може да се склучи, „особено за: (1) сезонски работи – најдолго девет месеци во текот на една календарска година; (2) зголемен обем на работа – најдолго шест месеци во текот на една година; (3) замена на отсутен работник – додека трае отсуството од работа и (4) работа на определен проект – до завршувањето на проектот“ (чл. 23 од ЗРО/93).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во ЗС од 2006 година изостана предвидениот отказен рок во кој стечајниот управник треба да ги извести работниците дека работниот однос ќе им престане.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)