дека (сврз.) - сиромав (прид.)

Дури кога ми беше откриена оваа вистина бев прашан што мислам, дали постои нешто што е поефтино од глупоста? - Не купувај ја!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Еден шепотел дека сиромавиот премногу знаел за животот, него го учел од свети книги некој калуѓер, друг рекол дека ќе му ја земе на покојникот амајлијата од под гуша - земја од три рида в крпче, таа земја чува од болештини, трет со горчлив подбив прашал дали амајлијата го сочува старецот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бев многу мал кога почнаа да ме подучуваат дека нашето семејство е едно од посиромашните и дека сиромавиот во животот најчесто се определувал за евтините работи.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сега лежел на десетина чекори од нив, без свој човек над глава, вдовец но со три снаи и десетина внучиња, сам, под дрипава гуња, мудро насмевнат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)