дека (сврз.) - српски (прид.)

Но ако го споредиме српскиот шовинизам со бугарскиот национален индиферентизам и ги разгледаме од македонско, па и од општочовечко гледиште, тогаш ќе треба да признаеме дека српскиот шовинизам, како резултат на основно изучените народни интереси, стои многу повисоко, и многу погоре од бугарскиот национален индиферентизам, којшто е резултат на отсуство на секакво разбирање на бугарските државни интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Додадете кон тоа дека српската надворешна политика е установена, како и тоа дека имаат тие и цел ред други, освен споменатите дипломати, и ќе разберете зошто ракополагањето на Фирмилијана е победа на српската дипломатија и пораз на бугарската; победа добиена со свои, т.е. српски сили, а не нешто наврзано од Русите; поразот пак на Бугарите е резултат на немањето бугарски дипломати што да ги разбираат бугарските интереси и да ги заштитуваат со авторитет и знаење.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
18. Не е сосем точно дека српските претензии за Македонија се појавиле дури по Берлинскиот конгрес во 1878 год., бидејќи организирана и од државата раководена српска пропаганда во Македонија се појави уште по Гарашаниновото “Начертание” (1844) и се изрази во 60-тите години на минатиот век.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)