дека (сврз.) - трет (прид.)

Верувајќи дека Бог двапати ѝ помогнал на Мајка спасувајќи ја со чедата, за време на грчко италијанската војна во Поградец, а дека третиот пат спасот треба да се ба­ра преку границата, Татко подготвуваше семожни аргу­менти.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се веруваше дека третото среде од трите средиња го означува центарот на светот, односно центарот на вселената, и се говореше дека токму во таа одаја паѓа идеалното среде на целата вселена, точката во која се сечат сите светови Божји.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Да се потсетиме дека третиот степен на вештината 95 (rubedo или iosis) се одликува со засилување на топлината и светлината.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ако ни биде дозволено да ја парафразираме Јунговата анализа, би можеле да речеме дека тогаш кога Duchamp “свесно” почнува да минува во потсвеста, нему му станува “врело долу”, бидејќи ја открива Невестата (т.е. она што се нарекува анима, потсвесниот женски принцип што постои кај секој маж).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)