дека (сврз.) - турски (прид.)

Со тоа требало да се докаже дека властите дејствуваат решително и строго против револуционерите, но во исто време на Европа, којашто постојано вршела притисок за спроведување на реформи во Македонија, да ѝ се даде на знаење дека турското правосудство не се разликува многу по својата „демократска“ постапка од европските судови.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Зашто, веќе и така се слушаше дека во Блатието се собирале некакви ајдути и дека турската коњица таму везден патролирала.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Да одбележиме дека турскиот аскер не го барал него, туку некој од македонските илинденски војводи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Нека се надеваме - пишува Евгенијадис - дека турските судии во оваа ситуација ќе се покажат беспоштедни кон злосторниците и ќе им ја изречат заслужената казна и дека нејзиното извршување нема да биде одложено, како што се случувало со порано осудените од редовните судови комитетски убијци.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Секако дека турските и странските семејства брзаат да се фатат за возот за Цариград.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Факт е дека турските власти ги исползувале тие атентати за да ја обезглават и компромитираат Револуционерната организација како анархистичка и да му се одмаздат на нашиот народ кој ја имал смелоста да дигне глава во цела Македонија против режимот на султанот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)