дека (сврз.) - црн (прид.)

Не еднаш сум ти прикажувала, дека црна ја поминав.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Истрчав на улица размислувајќи како да му објаснам на Пенча дека црна мачка не можам да најдам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Перса знае дека црната мома има светлина во срцето и таа светлина продира низ прозорчињата на душата - очите! Во нив стигнува како блесната скрама.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Се чини дека црните очи на пушкарниците ти гледаат право в чело и дека во секој миг ќе блесне оган.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се гледаме в очи и траеме во молкот и во тој миг ми се пристори дека црните букви ме жежат и ми ја горат дланката...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Си помислив, не без загриженост, дека црните луѓе, благодарение на својата вештина во однос на обичните, можат еден ден толку да преовладеат, што тие да бидат оние кои ќе ги предусловуваат моралните норми кои и така се сомнителни.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Пред сѐ, да повторам, се покажа дека црните луѓе се луѓе како и сите други луѓе.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Во секој случај, од ова беше очигледно дека црните луѓе ги работат сите оние работи што воопшто се работат.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Сопственото искуство ме увери во тоа дека црните луѓе удираат најниско што може и навредуваат без да остават докази.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Тоа ме доведе до заклучокот дека црните луѓе не се појавуваат за да се истакнат и за да се наметнат, туку нивната цел е да се слеат во она што се нарекува сивило или секојдневие така отворајќи му пат на нов, поинвентивен бран на црни луѓе кои по неодредено време пак се појавуваат како предуслов за скршнување на животот во уште полош правец.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Од лозарското искуство тој знаеше дека црните птици секогаш се гладни.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Адолфина, паулина, марие и роза - сал една би била вишок во драмата на чехов а сите се отпишани од тефтерот на брат им зигмунд фројд отла и кажува на адолфина дека ги довеле во логорот во терезин и дека е најдобро тука да останат што подолго отла и кажува на адолфина дека храната е еднолична, катаден супа од леќа а попатно и спомнува дека има брат по име франц кафка адолфина веќе почна во себе да го портретира кафка мачејќи се во шеширот да му ја смести ергенската несреќа - во бараката на трудниците несреќата има друго име во предвечерјето на смртта и без месечина јасно се гледа дека црното млеко не е поетска измислица под црно сонце во црна темница четирите сестри на зигмунд фројд спокојно го чекаат црниот воз кон невратот рано в зори и не го забележаа брат им зигмунд како нервозно се тртка лево-десно на перонот пред да си ја испрска совеста во ѓолчето од сестрински солзи.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)