дека (сврз.) - внатре (прил.)

Но кога видел дека внатре нема ништо што да е вредно, од злато или од сребро, се налутил и го џитнал низ прозорецот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Со секое повторно влегување во купето чувствував дека внатре е загушливо и се ширеше некоја непријатна миризба.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Низ отворената врата од плевната го глдаа крајниот горен прозорец од куќата осветлен и по сенките можеа да видат дека внатре се сноваат луѓе, но беше предалеку за да се чуе дали нешто зборуваат, па им се чинеше како оние таму да се кријат во завера.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Испадна дека внатре има душек. „Не е многу,“ рече таа задишано, „но е дом.“
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Испадна дека внатре има душек. „Не е многу,“ рече таа задишано, „но е дом.“ Се приви до него во темнината. okno.mk | Margina #1 [1994] 19
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Никогаш не баравме е затоа што мислиме помош од фондации, пари за дека внатре нив не е истражување и слично.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Причината поради која сме вон универзитетите е затоа што На Универзитетот ве мислиме дека внатре нив не е присилуваат да работите можно генерирањето на нови на историски начин. знаења, работењето на нешта што во моментот се случуваат.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Иако „собата за проекции“ беше преполна со каучи и стереа и телевизори, сите чувствуваа дека внатре се случува нешто што има врска со бизнисот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Не сакаше да знае ништо за тоа дека внатре веќе не остануваше ниедна трошка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Убаво се слушаше дека внатре има живо суштество.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тој беше свесен дека внатре, длабоко во него, требаше да се минат уште многу други, за нас непознати граници, кои ги откривавме подоцна во животот, кого него го немаше.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Колку да се знае дека внатре нема никој, дека тој не е дома.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Гледаш во големата валкана крпа и знаеш дека внатре е повторно мракот и нештата повторно почнуваат да се движат и мрдаат токму како што сѐ мора да се движи и мрда штом повторно ќе се најде во мракот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)