дека (сврз.) - долу (прил.)

Во другиот агол, како земна противтежа на таа симболика, претставена е оваа сцена: комшиската мечка се искачила на плотот со намера да прерипне ваму, но во последниот момент забележала дека долу подмолно ја демне песот Шаро, готов да ја задави.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тие денови и еден курир беше фатен и убиен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На заминување курирот ни ја донесе и онаа вест, дека долу, во градот во црковниот двор, непријателот погребал дванаестмина од нивните.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ние останавме по тие борби со тројца помалку.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)