дека (сврз.) - дотогаш (прил.)

Беше омажена за еден салонски магионичар, со кого што требаше да се сретне тој ден по посетата на роднините во Сарагоса.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Потребано е да се истакне дека дотогаш грчкото движење на отпорот го имало опфатено скоро целокупното население, а исто така имало организирано и бројни силни воени единици.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Се заниша и дури кога ја олабави левата рака забележа дека дотогаш, ни сам не знаејќи, го носел детското чеволче.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Арно ама, претчувствувам дека нема да доживеам да го препознам и да го внесам во тајните; тој ќе се појави,ќе го покаже своето вистинско лице дури откако јас ќе умрам, и кога ќе дојде време, со вцрвенети образи, ќе застане пред своите родители и ќе каже дека му е доста од сè и единствено на што потајно се надевам е дека дотогаш ќе остане уште нешто од моите банкноти, зашто го изменив тестаментот и остатокот од имотот му го завештав на оној кој прв ќе направи очигледен знак дека е предодреден да тргне по моите стапки...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тие не паметеа дека дотогаш во селото имало тримерџики.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)