дека (сврз.) - засекогаш (прил.)

И сега, кога му беше јасно дека засекогаш ја беше напуштил илузијата да ги следи јагулите кон Америка, или да им се предаде на азиските далечини, тој, всушност, почувствува дека, во овој град, беше на крстопатот на својот лавиринт, создаден од западните и од источните линии на неговите илузии.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Едно време, кажуваат тие, и се задумувал дека да им го остави тефтерот, но веднаш потоа гласно изразувал сомневање дека не се кадарни да исчуваат такво нешто, од непроценлива историска вредност, кога веќе не си ја исчувал земјата и луѓето на неа, и - не им го оставил.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На некои, со кои последни и за последен пат разговарал, ги сретнувал по патот и таму, на станицата, им кажал, во доверба, дека засекогаш си заминува од Потковицата и дека во куферот, не го симнувал од грб, го носи и тефтерот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Почна да се плаши дека засекогаш го губи Карл.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Можеби тоа е и она што ја зајакнува склоноста на геј-мажите да се идентификуваат со нејзиниот разулавен лик.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога таа врска ќе препукне под притисокот на врховниот напон, исходува отворање простор за непредвидлива возможност и за слобода во секој емоционален и општествен однос – каква што е еротската страст – за чија цврстина како врска и за чиј идентитет како страст дотогаш се сметало дека засекогаш го оттргнуваат од царството на изборното. ‌Во овој контекст, сцената на судирот мајка-ќерка вбризгува здрава доза стварност; внесува поостро сфаќање на политиката на романтичноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто го нагризува култот на романтичноста кон неволевото, го нагризува неговото промовирање на задолжителни романтични врски, му го нагризува идеализирањето на емоционалната неслободност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Здивената мајка која, доведена од своето неблагодарно дете до една крајност на чувствувањето, „шекнува“ треба да ја драматизира – да ја мелодраматизира – преломната точка во секоја љубовна врска што, дотогаш, изгледала неизбежна, безусловна, неволева. ‌Мајчинската врска истовремено е и најневолевиот и најконвенционалниот од сите општествени односи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мислевме дека засекогаш сме се ослободиле од сталинизмот, но тој беше уште долго, долго во нас, кај некои и не се искорени никогаш.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Заборови дека некогаш сме се разделиле мисли на времињата кога сме се сретнувале две раскрсници во градот на некој збор кога сме плачеле по црвената боја на небото ти во туѓина, јас во туѓина а секој миг сме се гушкале ко добромисли јас во твоето око, ти во моето Заборави дека засекогаш нè разделиле...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ги одбегнував нивните погледи за да не го видат сожалувањето во моите очи, моето сожалување кон нив затоа што јас тукушто бев со тебе, твојот мирис сѐ уште беше на моите дланки и толку голема иднина навидум беше на видик.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во овој доцен час изгледаше како светот да им е предаден на мажи кои се без жена, мажи кои со понизна трпеливост чекаат нешто неодредено како што јас ги исчекував нашите средби.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Буквално болен од љубов, стенкајќи одвнатре со секое нишање на возот и загрижен дека засекогаш сум оштетен, ѕиркав надвор во жолто-осветлените станици каде осамени мажи стоеја пред огромни реклами, слики на раскошни манекенки изобличени со графити - истите стари навреди и повици; ДА ТЕ ЕБАМ, ПУШИ МИ ГО.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)