дека (сврз.) - истовремен (прил.)

Сфатив дека истовремено сè ми е јасно, но и ништо не ми е.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И, што беше уште почудно, дури и кога го привлекуваше кон себе, тој имаше чувство дека истовремено го оттурнува со сета сила.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Бев фасцинирана и збунета, безброј прашања ми се роеја во главата, а многу малку одговори наоѓав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Којзнае колку сум праведен, но ова нејзино тврдење ме упатуваше на помислата дека Катерина е надарена не само да мисли туку и да верува дека истовремено се наоѓала на повеќе места но исто така и да тврди дека отсуствувала и од таква манифестација на која било забележано дека најмалку десет пати аплаудира!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)