дека (сврз.) - лесно (прил.)

Откривајќи ги битолските сиџили, тие сто илјади документи, секој со своја душа, со своја историја, претпоставуваше дека лесно ќе ги поврзе со други, со трети души, со други истории.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Одеше, така, безволно во Архивот, колку да не биде засекогаш прекинат контактот со сиџилите, особено во времето кога насетуваше дека лесно ги открива нивните клучеви и кога се наоѓаше пред откривањето на големите тајни на балканската историја.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тој, бележејќи ги неподобните арапски и персиски зборови кои си го пробиле својот пат кон турцизмите, сметаше дека лесно ќе ја реализираат со Татко замислената мисија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Јасно беше, тој мислеше дека лесно ќе ја заведе и се кривеше во лицето напрегајќи се да се допадне. Смешно зло.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Следниот чекор, со оглед на тоа дека лесно ги губам важните работи, беше да си најдам футрола за очилата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Поради тоа, се појавило сомнение дека лесно можело да се забошотат вистинските факти, да пострадаат главно невини, за да се скријат сопствените грешки.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Мислам дека лесно можеме да се навикнеме гласно да го слушаме она што го знаеме.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Три ѕида, а отворено на кај реката и Паркот, виде дека лесно може да се крене уште еден ѕид и да се стави покрив за да се добијат две малечки простории. Така и направи.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Таа ноќ стигнавме под Плетвар (Прилепско), тука ни одржа говор еден заменик на баталојот – Бугарин и почна бугарски да нѐ храбри да не се плашиме, нѐ запозна со тоа каде е непријателот и дека лесно ќе го победиме.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
ГИ УБИВМЕ ЗАРОБЕНИЦИТЕ
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)