дека (сврз.) - мошне (прил.)

И макар што самата облека беше над секаква пофалба, народот од кралството свечено ветуваше дека мошне бргу кралот ќе добие облека уште подобра од оваа.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во определени денови, а исто и во неопределени, жителите на кралството се собираа на митинзи и на демонстрации истакнувајќи го едногласното воосхитување од облеката на нашиот крал.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Не сакав тогаш на Луција да ѝ се спротивставувам па да ѝ објаснувам дека мошне често, наместо патриотизам луѓето се задоволуваат со еден вид културен примитивизам, и живеат како во полусон, убедени дека се патриоти; многу години подоцна сфаќаат дека примитивизмот на народните обичаи (во позитивната, културна смисла на зборот) не го определува нивниот патриотизам, туку дека е само еден вид културно алиби дека припаѓаат кон некое движење.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)