дека (сврз.) - насекаде (прил.)

- Разбрав од еден италијански војник - продолжи да објаснува Горјан - дека насекаде низ Албанија ги смениле Германци.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Дури тогаш ја подигна главата и можеше да види дека зад него всушност ниеднаш и немало никаква мечка дека насекаде зад него стојат само огромните буки, израснати во снегот и високи, наведнати под окитот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сиот растреперен ми се жалеше дека таму луѓето имаат страшни и напрегнати лица и дека насекаде му мириса на лага и расипаност.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)