дека (сврз.) - најверојатно (прил.)

Кон веселата бука се придружува стариот Иранец од карши, чијашто омилена забава е деноноќно бирање броеви на домашниот телефонски апарат и последователно урлање на мајчин фарси- јазик (по долги испитувања заклучивме дека најверојатно продава плексиглас на берзата во Техеран, со посредство на некој тотално глув брокер).
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
„За утеха, останува само едно нешто. Останува за планетата Земја да водиме сметка така како што поединци умеат и можат да се погрижат за здравјето на своето тело и својата душа за да го поминат животот без болести, здрави и весели и со надеж дека најверојатно ќе поживеат некоја година повеќе, со добра сетнина.“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тој ѝ го откри своето вистинско име доверувајќи ѝ се дека тој на таа тема пишува роман, дека најверојатно Паца, под друго име, во неговиот роман ќе има значајна улога.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Таа почна да говори нешто на украински со него; покажуваше кон нас, и јас по нејзиниот лут глас разбрав дека најверојатно таа протестира затоа што чуварот нѐ пуштил на нејзиниот тренинг.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Други пак велеа дека најверојатно записот воопшто не е изворен, не е од Соломонова рака сочинет, туку дека е само препис од некој запис, умножение негово, кое го сочинил некој славен предок наш, вешт во уката на умноженијата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Реков дека џезот многу ми значи, дека по завршувањето на училиштето најверојатно ќе избегам од земјата (да ја избегнам воената обврска) и дека најверојатно ќе студирам џез-академија во Берн.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Вели дека најверојатно е урната и на нејзино место е изградена некоја од овие високи згради...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Јас се поздравив и заминав угоре по патот и цело време си мислев дека најверојатно не ќе можам ништо да каснам зошто горе ме чекаше цела сурија гладници.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Потоа отиде да ми донесе две големи филии биено сирење и еден поголем топол леб.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)