дека (сврз.) - најмалку (прил.)

Претпоставуваше дека најмалку три дена овците и говедата не ставиле в уста ни сламка.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Којзнае колку сум праведен, но ова нејзино тврдење ме упатуваше на помислата дека Катерина е надарена не само да мисли туку и да верува дека истовремено се наоѓала на повеќе места но исто така и да тврди дека отсуствувала и од таква манифестација на која било забележано дека најмалку десет пати аплаудира!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Археолозите подоцна заклучија дека најмалку три илјади години пред Исуса биле умрени човекот и детето па го чекаа професорот да одгатне чија смрт е постара: на возрасниот или на малечкото.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Дека најмалку можело да станува збор за шпионче бидејќи спомнатата личност во текот на војната била курир на другарот Ведран.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
(Примери.) (Ibid,стр. 7): “Соочени со тие и со многу други случаи на антитетичко значење (види го додатокот), не можеме да подлегнеме на никакво сомневање дека најмалку во еден јазик постоело изобилство зборови коишто истовремено означувале две спротивни нешта.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во тој миг, забележав дека најмалку пет деца, што машки, што женски, застанале крај мене и ме гледаа раскикотени, како сатирчиња.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)