дека (сврз.) - најмногу (прил.)

Се разбирам дека најмногу се забавуваат кога зборуваат за науката и уметноста. Умираат од смеење.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Беше сигурно дека најмногу од неговиот дух, од неговата душа, остана во сиџилите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тоа беше јасен показ од грани­цата помеѓу животот и смртта за сите нас, неговите потомци дека најмногу се оставил во своите книги и неговото сигурно продолжување можеше сигурно најмногу да биде низ нив...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но од сѐ што загуби, најблиската рода, куќата со бавча крај Езерото, по силните удари на судбината откако ја минавме границата, тврдеше дека најмногу добивала неговата душа, станувала појака.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Логотетот, значи, му ја преподаде целата таа ука на Филозофот, му раскажа дека најмногу би сакал кога тој или Лествичникот би успеале да го прочитаат тајниот запис.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Рече, понатаму, дека најмногу внимание во партијата ќе посветуваат на физичкото образование на младите генерации, оти нема здрав народен дух без здраво народно тело; освен тоа, ќе оформувале и играорни групи и кружоци за дебати околу народната уметност денес.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тој, откако ни опиша како се расположени европските држави, рече дека најмногу пречат на нашите работи Русија и Австрија, иако се најзаинтересирани.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Мислам дека Allan Bloom не згрешил кога, очигледно разочаран, запишал: “Студентите можеби не ги интересираат книгите, но затоа okno.mk | Margina #32-33 [1996] 98 се најдлабоко приврзани на музиката.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ништо не е покарактеристично за оваа генерација од нејзината зависност од музиката.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Веќе во претходиот параграф е најавено дека најмногу ќе зборувам за популарната музика.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Таа, ни пет, ни шест, јавно изјавува дека најмногу и се допаѓаат театарските фестивали, то ест претставите од странство.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Денес, после многу години поминати оттогаш, сфатив дека најмногу сум ги сакал „Квин“ и нивниот албум „Ноќите во операта“ и дека требало малку повеќе внимание како слушач да му посветам на Јан Андресон и неговиот „Џетро Тал“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Театарџиите, иако се непресушен извор на лагата, не би требало да се успиваат, па да не насетат дека најмногу се изложени на опасноста да бидат исфрлени таму каде ниту кучињата не би сакале да ја боднат муцката.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ле Клезио, за кој Французите велат дека е нивниот најголем жив писател, ќе напише дека животот е она што најмногу го заморува, но и дека најмногу е восхитен токму од него.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ја одбра онаа која според описот изгледаше дека најмногу ќе му одговара.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Затоа, мислам дека најмногу ми одговара една состојба на врамнотеженост на нештата, состојба на мир со секого па дури и со родениот брат.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тогаш ми се стори дека слободата е најголема во сонот и дека најмногу се исплатува да се бориш за сонот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мислам дека најмногу ќе ве интересира намалувањето на бројот на глаголите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Претпоставуваше дека најмногу шанси да си ги оствари своите илузии има ако патува со Балкан-експресот кој водеше кон Запад, до Лондон, преку Париз, и до Цариград.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Отецот ја убедувал вујна Клементина дека најмногу успех постигнувале во образо­ванието на девојките.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Нема да згреши ако заклучи дека најмногу е своја во оваа просторија. Можеби и заради таванот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Можеби и ти мислиш дека најмногу ми прилега да скитам по Прењес, по оваа калдрма, или лудница?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ти, изгледа, добро се чувствуваш во џипот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Добро, не од Белград, туку од таму негде, дури од Преко.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Ајде, признај, сине, дека најмногу се сложувавте со Аксја откако таа се врати од Белград?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Едно попладне го читав текстот од мајка ми што го испратила од Канскиот фестивал и се растажував, споменувајќи си дека таа ми рече на заменување: „Секогаш кога ќе читаш мои кански извештаи, знај дека некаде меѓу редовите е испишано, иако тоа нема да биде објавено во весникот, дека мислам на тебе и на Бреза и дека најмногу од сите деца на светот ве сакам“.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Филозофот Xон Серл со својот мисловен експеримент со Кинеската Соба се обиде да покаже дека најмногу што можат компјутерите е да симулираат интелигенција но не и да бидат вистински интелигентни.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Кога ги прашав на кого личи тие ми рекоа дека најмногу потсетува на дедо му.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)