дека (сврз.) - најнапред (прил.)

Но брзо сфатив дека станува збор за неважни поединости стокмени со единствена намера да ми го одвлечат вниманието.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Забележав исто така дека најнапред се будев на креветот покрај Катерина, а потоа долу, во аголот на собата и тоа под прозорецот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Пустините и калифорнискиот песок секако дека најнапред предизвикуваат шок, но дури кога тој ќе мине настапува оној другиот сјај на патувањето, сјајот на претераната оддалеченост, неизбежната оддалеченост, бескрајот од безимени лица и раздалечини, или со одредено чудо создадени геолошки формации коишто всушност не сведочат за било чија волја, а притоа ја чуваат недопрена сликата на пореметувањето.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)