дека (сврз.) - негде (прил.)

Квичењето се доближува. Ни оној со здрави очи не може да види чија е таа гласна треска: сепак обајцата сакаат да веруваат дека негде наблизу се движи пес, кучка со набабрени боски чии кученца се затворени во вреќа и фрлени в мочуриште.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
На Бојана му се чинеше дека негде во тајните, скриени длабочини на својата свест го слуша неговиот строг, непореклив глас: - Оди, бори се!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Отишол насрединоџински на пепелаво магаре да поучува горјани како да се одбранат од зло и веќе не се вратил во Скопската Котлина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дури ни неговите дервиши не чуле веќе ништо за него; само претпоставувале дека негде, далеку од разјаденоста на луѓето, го завршувал осаменички и достоинствено кругот на својот живот не обелоденувајќи ја тајната како да се бори човекот против чумата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Кога ќе се разбудам попладне, прва задача ми е да проверам дали е дома велосипедот, постојано стравувам дека негде патем можеби случајно настрадал – ми ги доверуваше Господ мачнотиите на својата живеачка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Нели, чудно е тоа задоволство што те обзема кога ќе го пронајдеш негде во дворот магаренцето што те донело дома здраво и живо, со сите твои делови - беше оптимистичкиот заклучок што му ја поттикнуваше срамежливата среќа на Господ.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Аксја останала со впечаток, пишуваше во писмото, дека негде таму, на хоризонтот небото не завршувало туку земјата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И постојано се чувствувала како да се наоѓа во средината на тој земјен круг; во неговиот центар.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Белки ти не сметаш дека негде далеку, кадешто брановите на нашите мисли сосема се смируваат и стануваат речиси рамни, не се појавуват две многу одредени вистини што покажуваат едната на другата со прст?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Едната вистина, дека е убиен големиот Ролан, и тоа, како што велат, некој го убил; и онаа другата вистина, уште појасна и уште поприсутна: дека се родил еден мал Ролан.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)