дека (сврз.) - некаде (прил.)

Чудно, притоа не чувствуваше никакво задоволство!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се сретнале на едно поле и производителите 158 okno.mk им кажале дека некаде имале прочитано дека 120 милиграми е вистинската доза.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тој формално сфати дека ја пие крвта на сопствената ќерка, но тоа сознание беше толку оддалечено и непотребно, како кога би знаел дека некаде во Австралија паѓа дожд.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Бирото за советување даде оглас во весник барајќи од производителот да им се јави.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Еден вели на толку метри, друг на олку, трет кажува пример дека некаде и на дваесет и две, не нашле вода.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Мислам дека некаде на преминот на столетието ќе можете да ги имате и дома. 48 Margina #15-16 [1995] | okno.mk Мајкл Хајм (Michael Heim) Суштината на Виртуелната Реалност Grape Frogg (текстот е извадок од книгата на професорот Хајм, „Метафизиката на Виртуелната Реалност”; „The Meta- physics of Virtuel Reality”, Oxford Universitu Press, 1993.) што е Виртуелната Реалност?
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сè уште ќе бидат прескапи за да ги имате дома, но многу луѓе веќе ќе бидат во можност да ги пробаат, да ги доживеат низ различните институции и низ работата.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Според планот на домаќините се смета дека некаде околу 1980 година, јужниот брег ќе биде исполнет со шатори и кампинзи, со големи летувалишни комплекси какви што има на „Златните песоци“ и на „Сончевиот брег“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Еден од моите пријатели, писател, тврдеше дека некаде во пустините во Ново Мексико, научниците работат на таен проект, толку таен што ако некој еднаш влезе во фабриката повеќе не излегува.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Движењето на таа камера беше чиста емоција.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Можеби тоа се должи на нивното губење вера во уметноста како резултат на еден граѓанско -материјалистички концепт, а можеби и на Скопје - малограѓанинот- убиец кој кога и да почувствува дека некаде во неговото тело се случува некаква креативна дејност, брза да ја искорени, како креативноста да е вирус, бактерија или тумор. okno.mk | Margina #26-28 [1995] 22
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Уметноста се повлече во цитаделите на културата од каде се појави дури од неодамна; рок културата беше пратена во прогонство на Main Street; и повеќето од децата на Фектори, меѓу кои и јас, избирајќи помеѓу Кејт Ричард и пост-минимализмот, се определија за музиката. (...) Но идејата останува заедно со Ворхоловата осудена на пропаст визија, така што мислам дека некаде во музејот на Енди Ворхол, треба да постои оваа, налик на пештера сребрена соба со бели излупени цевки и нечист под.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ричард Флод Дневниците на Енди Бјанка и Халстон сега личат на вистински пар. Како од романса.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Моменталната можност што ѝ се даде на оваа култура умре 1968-та, нешто подоцна прогресот на високата уметност и музиката од улицата дивергираа за првпат во деценијата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Како познавач на шеријатското и на модерното право на Турција, на исламската философија, Татко претпоставуваше дека некаде сигурно се кријат значајни записи, или барем кадиските записи, односно сиџилите во кои, секојднево, се запишувал животот на луѓето и нивните судири во совладувањето на разликите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Татко остануваше непоколеблив поборник на тезата дека некаде се кријат запишаните вистини, крај толку паметници на отоманското време.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Мораше, конечно, да се соочи со вистината дека, без големиот Татков занес, што го попречуваа други, без неговите силни илузии дека некаде ќе заминеме, како некогаш, по кружниот пат на јагулите, во потрага по некој друг пат на враќањето, ние го губевме еланот за опстојување, надежта...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ги сметав за богови; нивните соло партии ги свиркав со устата воодушевувајќи ѝ се на инспирацијата што ги создала; но кога научив да свирам саксофон, кога технологијата на свирење (на дишење и работа со прсти) веќе сосема беше совладана, таа магична аура околу нивните солоделници сосема исчезна: јас видов дека таа совршеност во огромен дел се должела на техниката на свирењето и дека некаде, токму техничкиот потег на прстите, уиграната техника на дишење (неможноста да вдишеш двапати по ред без да издишеш) била таа што решавала цели пасажи од мелодиските линии.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Можеби поради тоа не можевме да сфатиме дека некаде на друго место во градот се случуваше нешто уште пострашно.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Сигурно дека некаде длабоко во душата му се родило сомневање, просто ја насетил вистината, но сѐ било неповратно.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Сите овие денови, додека се шушкаше дека некаде се крчка некој политички договор за примирје, од нивната позиција преку двогледи гледаа како долу во градот секојдневно минуваат возила, бели џипови со црни таблички и по патот се искачуваат нагоре кон селата, па потоа повторно слегуваат надолу, побргу отколку што се качуваа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Колку и да не сакаше да си признае, и тој го чувствуваше гневот на претпоставениот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тоа значеше дека некаде од единасет ноќе, или полноќ, наместо крај на програмата на Југослав пеопле ќе им се понуди можност да останат крај нивниот прозорец кон светот.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Мислам дека некаде во доцните осумдесети, некои дизниеви јунаци почнаа да се печатат на нашиот јазик.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Знам дека некаде имаше ракија за недајбоже, ама сум сметена. Не знам каде е оставено.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Други велеа дека е уште жив и дека некаде се крие.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Може да лажеа дека некаде, во некое село го виделе кај го водат врзан со синџири.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Други пак ќе речеа дека војводата е жив и дека некаде се крие. Не се крие од страв, туку од срам. Сите поразени се срамат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Помисли дали и тој оваа вечер кон неа ја праќа својата мисла со надеж дека некаде на полпат ќе се сретнат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Помислив дека некаде ќе стасам. Стасав, но само до барикадата на судбата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Само знам дека е така, дека некаде преминувам мост во истиот миг (но не знам дали е истиот миг) во кој момчето на Ривасови го прифаќа чајот и си го мести најдобриот израз на кретен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Мора да ѝ се случуваше нешто ужасно, ја тепаа или чувствуваше дека е болна и токму кога Нора ќе запееше нешто од Форе, а јас на пијано, загледана во толку среќниот Луис Марија, налактен на крајот што му правеше нешто како рамка околу него, тој загледан во мене, задоволен, со лик на кутренце, чека да ги чуе арпеџата, двајцата толку близу и толку вљубени.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
За нас е неподносливо да знаеме дека некаде во светот постои некоја погрешна мисла, колку да е скриена и неважна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Знаеше, исто така, дека некаде таму таа е сѐ уште жива и дека ѝ е потребна неговата помош.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Неговите очи прелетаа во круг преку ѕидовите, како да очекуваа дека некаде ќе наидат на прозорец.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Жените победнички, туркани и изгазени од другите, се обидуваа да заминат со своите тенџериња, додека десетици други остануваа да се туркаат околу тезгата, обвинувајќи го продавачот за протекција и дека некаде крие уште тенџериња.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа претпоставуваше дека некаде надвор од нас постои „вистински“ свет, во кој се случуваат „вистински“ работи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се најде кој ука да ми дава како се варди пламенчето на коренот или пак знаеш што значи некој само еднаш да ти бркни во тебе и да те остави со тежина за цел живот а тој да ја цапа дуњата заборавајќи дека некаде го запалил пламенчето на нов живот и ти велам не туку ломоти не ми кажувај како треба да ги довардам знам јас како се вардат оти угол сама го довардив тој што ги оплодил овие семчиња заминувај си од мојот сон остави ме да се соземам утре ќе ми треба многу сила сега си нашол да ме учиш што и како кога пред мене си само сенка!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Знам дека некаде ќе ги сретнам На некој пат кога ќе исчезнам.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Кога ќе помислам дека некаде постојат преубави заливи пред нив кораби над нив тераси за пристан, за враќање, за дочек не можам да се успокојам.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Твоето срце е мојот доживотен затвор, а мојава душа е твој вечен дом, само имај силна верба и надеж дека еден ден ќе го најдеш патот до него, за да го најдеш мирот и спокојството.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ти се радувам зошто знам дека некаде и некогаш помислуваш на мене и слатка болка ти го одзема здивот, кога те буди мојот шепот од сонот кој ни беше одземен.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
„И кај нас сите не се фатиле. А учителката Славка сметаше дека некаде сме згрешиле.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Едно попладне го читав текстот од мајка ми што го испратила од Канскиот фестивал и се растажував, споменувајќи си дека таа ми рече на заменување: „Секогаш кога ќе читаш мои кански извештаи, знај дека некаде меѓу редовите е испишано, иако тоа нема да биде објавено во весникот, дека мислам на тебе и на Бреза и дека најмногу од сите деца на светот ве сакам“.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)