дека (сврз.) - ниеднаш (прил.)

Беше празен, додека слушаше како оние двајца продолжуваат да разговараат дека ниеднаш не може добро да се нанишани само по гласот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се надеваше дека можеби и ќе го сретне својот Брат, таму, а кога се врати, демобилисан, мислеше дека ниеднаш повеќе нема да го види, дека Братму очигледно веќе и не постои. ... Но Братот излезе пак.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сфаќам дека ниеднаш директно не го прашав каков е неговиот личен став кон Екстази.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во следната Хала, Херман и неговите другари завршиле со пакувањето.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Отидоа, мислеше, а знаеше сигурно дека ниеднаш дотогаш не ги сетил толку блиски, оние двајца луѓе, како во тие мигови, додека го следеше нивното исчезнување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Велат дека ниеднаш другпат човекот не може со таква занесеност да ја престои целата ноќ на прозорецот; тогаш велат дека го занела самовилската ноќ.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)