дека (сврз.) - ноќеска (прил.)

Мислам дека на моето лице играше некоја евтина насмевка, додека го плаќав кафето, но таа не се предаде.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Уште при влегувањето, го слушна чеканото прашање од стражарот. — Ќим сн сен!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Co овие утешенија го испрати Сефедин мудурот со една патрола во конакот, а сам ги обиколи сите стражарски места, па и Расим чауша и им стави до знаење дека ноќеска ќе има нешто — добро да се држат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По очите ти гледам дека ноќеска око не си склопил.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
СЛУГАТА: Десетарите ни рекоа дека ноќеска тоа ќе се случи.
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Од разговорот Толе подразбра дека ноќеска се собрани овдека во овие две колиби војводи и четници од сите страни и дека ќе има нешто важно да се решава, но што ќе биде, никој точно не знаеше да му објасни.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Демек, ние ќе бидеме заштита на војводите дури тие решаваат нешчо?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)