дека (сврз.) - оттаму (прил.)

Ја стави раката во џебот, јас помислив дека оттаму ќе извади цртеж со жена која стои на работ од некаква бездна.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој влезе во својата соба. Сакаше да избегне да му се заблагодарувам, но знаев дека оттаму ќе го наслушнува моето расположение.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
- Пред малку, изгледа, не забележа на каде тргна, нели? - прашав.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во раката држеше две фотографии.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не знаеше дека пред малку всушност се наоѓала далеку, на границата што можеме само да си ја замислиме и дека оттаму во ова време ја беше вратил мојот глас, мојот повик.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Како пример за атмосферата што владее земам една изјава на еден наградуван писател, кој можеби и би го напуштил народњачкиот табор, но фатен во контрадикциите на домашната свест, не знае како: „Баба ни зборуваше дека татко живее на оној свет и дека оттаму нé контролира.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Мислам дека оттаму доаѓаше и неговата возбуда поради мојот усовршувачки престој во Париж.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И вашиот тигар како да беше таму; се чинеше дека оттаму потекнува неговата последна проѕевка! Нели, чудесно сафари!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)