дека (сврз.) - повторно (прил.)

По ова немаше жалбена постапка, по што судската одлука, во декември 2009, стана правосилна и извршна.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Присеќавајќи се, наназад, во однос на судските такси и трошоци, С. С. вели дека тужбата го чинеше околу 2.000 МКД, а нивното чинење не го одврати од помислата да тужи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Доколку има повреда на некое работничко право тој вели дека повторно би тужел, но потенцира дека секогаш во придружба на адвокат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, бидејќи таа не беше спроведена доброволно – во оставениот рок од осум дена по приемот – истата подоцна е извршена присилно, преку извршител (Ж.Пријевиќ) од банкарската сметка на компанијата, што секако дека работодавачот го чинеше значително поскапо, имајќи ги 290 предвид цените за награда на извршителите согласно Извршителската тарифа.8 ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Надоврзувајќи се на ова, тој додава дека повторно би тужел доколку во иднина му е повредено негово работничко право, без разлика на сè.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По губењето на козите, татко ми беше сигурен дека повторно, по којзнае којпат, настапува поразот на победниците.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Она на што Витгенштајн сака да му се спротистави, е барањето изразено преку тврдењето „доколку има некаква нејасност во правилата, тоа воопшто не е игра”, или барем дека тоа не е „совршена” игра (PI, I, 100).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Неговиот мотив е дека доколку ние мислиме дека јазичните игри секогаш би требало да бидат ограничени од правилата, тоа би значело дека повторно би ја прифатиле идејата на Tractatus-от за фиксирани правила кои лежат во основата на јазикот, или поопшто земено, на еден поим за смислата на изразите кој е објективно детерминиран, независно од употребата која им ја наметнуваат говорниците на јазикот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Се разбира, осетив олеснување затоа што се мртви, бидејќи никогаш ниедна не би можела да убијам, и да беа уфрлувани живи внатре, во кесата за прашина во правосмукалката, верувам дека повторно ќе ги доживував кошмарите како тогаш кога мојот маж се бореше со жолтите мравки во нашата кујна.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Радосни сме дека повторно се гледаме, и сме заедно ... Здружени и слободни ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Нека се надева, лиотот, дека повторно ќе му паднам в рака...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
За тоа сега кога го виде ѝ се стори дека повторно роди син за кој треба да се грижи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сигурен сум дека повторно почнуваат да се тепаат. Ги слушам кај викаат.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
И таа, тогаш, знаеше дека повторно ќе се разбранува семејната судбина, во потрагата по нов брег, без оглед на тоа колку време минало од пристанот на стариот...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ми упатува првин лажно љубезен поглед (како може ?!), па покажува чудење што не јадам и пијам како другите и на крајот израз на закана дека повторно нешто измислувам.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Оти слушнав гласови кај Лествичникот и помислив дека вратата од одајата само што не се отворила, оти не беше сам: помислив дека е со логотетот, и дека повторно го заведува и наведува против Филозофот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Попладнево, Реа не можеше да издржи: - Да знаев дека повторно ќе ми зборуваш за него, немаше да дојдам!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Зеде чиста облека од камионот, не обрнувајќи внимание на Пикник, кој беше при крај со читањето на “Девојката од мочуриштето” и кој почна нешто да кажува но се премисли, отиде до спалните и стоеше под тушот долго време, помислуваше дека е како дожд, пролетен или летен дожд, и се присетуваше на сите моменти кога бил наврнат, и кога излезе од спалните, облечен во чиста униформа, забележа дека повторно е темница.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ѕвечкањето на коцките мраз во чашата во неговата рака го потсети дека повторно пребргу го испил пијалакот, пред да се стопи мразот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Оваа зима е некако постудена од другите, си помисли кога погледна низ прозорецот и виде дека повторно заврнало снег.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Со едно пристискање на копчето го испрати извештајот и стана да си направи свежо кафе, оти знаеше дека телефонскиот повик што следува ќе трае долго.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Секогаш кога Андриќ ќе се врател дома од прошетките со Буле, на својата жена кажувал дека повторно бил со ѓаволот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
На почетната страница од нивниот сајт напишано е: Се надеваме дека до сега не сме ве разочарале, и дека повторно во некоја песна, некој стих, некое зборче или пак тон, ќе пронајдете дел од себе, дел од вашиот живот, затоа што светот во кој што живееме, малку е убав, малку за нигде, ама единствен кој што го познаваме.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Помисли дека повторно трите ја нападнале неговата Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Ќе кажам дека повторно со другарките ќе шетаме по корзото, дека ќе постоиме пред "Нама".
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сонуваше нејасен сон во кој ја виде Марија во раскината венчаница испрскана со крв и се разбуди со страшна увереност дека повторно го напуштила, оставајќи го сам во тој голем свет, овојпат засекогаш.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ги остави сите свои работи, дури и прстенот од претходниот брак, со писмо во кое напиша дека не е способна да ја преживее бурата на таа луда љубов.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Никогаш веќе ништо не се слушна за него, освен дека повторно се оженил и дека се вратил во својата земја.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Марија ѝ изгледала многу смирена последниот пат кога ја видела, малку здебелена и задоволна со својот мирен живот во некогашниот манастир.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Да, знам дека повторно ќе ми биде тешко чекањето, но знам дека ќе се исплати. ќе најдам начин мојата тага да ја отелотворам во нешто што ќе остане да ме потсетува на тие мигови поминати во тага и заборав.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Сетив дека повторно плачам.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Што туку мислев дека ќе заспијам, по зракна месечината се спушти до мене оној пајак што еднаш, пред да влезам во Шумшул- град, ми вети дека повторно ќе се сртенеме.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Жеро Жерав му се врати на својот пријател Водомар, зошто поверува дека овие двајца ќе те водат кон целта место него.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
И сега кога чека повторно... таа се движи по патот на судбината со надеж.. дека сенката ќе ја снема .. дека повторно ќе биде онаа која е, кога е со тебе...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Камилски разбуден, но уште меѓу сонот и јавето, претпоставуваше дека повторно се враќа од Голи Оток во животот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски не се надеваше дека повторно ќе ги види овие букинисти, макар што од последната средба со нив беа поминати петнаесетина години.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Повеќето од времето тие му се извикуваа, го навредуваа и му се закануваа при секое негово премислување дека повторно ќе им биде предаден на стражарите; но понекогаш, ненадејно, ќе ја сменеа песната, го нарекуваа другар, го преколнуваа во името на Ангсоц и на Големиот Брат и го прашуваа тажно дали дури и сега во него не преостанало доволно лојалност спрема Партијата за да посака да го исправи злото што го направил.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мислам туку повеќе како некој дека повторно ќе го откриеме овој што плете можни светови, вокабулар, на нов, свеж начин.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Лекарот се плашеше од моментот кога таа ќе сфати дека повторно е во болница.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Хелвиг зборуваше огорчено. По тоа, Марија разбра дека повторно се расправаат за неа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ја уверував дека повторно ќе се вратам.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
„Мислам дека повторно се обидуваш нешто да ми подметнеш, Раде“, реков и го поттурнав.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Да чекорам по туѓи патишта, иако во срцево носев болка тешка, зошто знаев дека повторно ги изневерувам моите чувства и не верувам никому освен на сопствените лаги.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Постоев заедно со мрачни сеништа, нив им ги дадов моите детски соништа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но остана само надежта дека сонуваш за мојата насмевка и дека кога срцето ти затреперува мислиш на мене, дека повторно ќе го пронајдеш патот до моето срце, јас сеуште те чекам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Те барам во овој студен град, помина полноќ, најладната ноќ во годината, осаменоста ме убива, немирот во мене и копнежот по тебе не ми дава да заспијам, копнеам по твојот лик и твојата насмевка, го изговарам твоето име и викам за да ме чуеш.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- Да, навистина, - се обидов и јас да направам тетка ми да не се чувствува непријатно поради нејзината реакција со тоа што ќе ѝ дадам комплимент, - оваа куќа е најубавата и најблескавата куќа во која сум бил, навистина! - и ентузијастично кимнав со главата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога децата ја видоа тортата, извикаа од среќа, а тетка ми Олга се обиде под маса да ја клоцне Кристина, но по грешка настрада мојата нога.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Никако не можев да се опуштам, обвинувајќи се дека повторно некому го блокирам тоалетот, овојпат можеби на мојот сонлив тетин, и прашувајќи се како ќе ја истерам смрдеата оттаму ако навистина успеам да се олеснам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сепак, вториот пат кога ѝ објаснуваше на тетка Олга зошто доаѓам во реонот, се поправи и рече "екологисти" откако прекорно ја погледнав кога насетив дека повторно ќе ја направи истата грешка.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тука сонувам дека ми ја сечат ногата, тука дека повторно ми ја враќаат назад.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со надеж дека повторно ќе Те читам во ваква сјајна форма, и тоа набргу, Ти посакувам с најдобро.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во напишаниот свет ме обземаше чувството дека повторно ги враќам во живот починатите блиски на семејството.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Она што првин изгледаше чиста дедукција од микро во макро ниво изгледа дека повторно ја промени нашата онтологија.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Ми се пристори дека повторно не е тука.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)