дека (сврз.) - подобар (прил.)

Истиот тој мулти талент, најверојатно, ќе заврши како продавач на пипер по пазарите, но не значи дека ако станеше ко Марадона дека подобро ќе поминеше во животот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Овој настан му го опишав на David Zack кој отприлика реагираше во стилот дека подобро ќе беше ние да го скршевме клавирот отколку тој нас.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ме убедуваше дека подобро е тие пари да му ги даде на другар му лихвар.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Томо, имам еден предлог, го започна разговорот Рада, потпрена на нивната клупа во паркот, мислам дека подобро го познаваш Скопје и ќе можеш да ми помогнеш.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Повеќето мои современици зборуваат дека подобро е да се умре, отколку да се биде „Црвен”, а не сметаат ниту сметале дека сето тоа се лудачки ломотења.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
- И јас мислам дека подобро се учи сам, се концентрираш повеќе.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Така рабинот веруваше дека градот според кој е именувана неговата синагога, не е нужно да го познава од лично искуство, дури веруваше дека подобро го знае во неговата дијахрониска и внатрешна димензија од списите што ги наоѓаше во својата и во другите библиотеки.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Не велам дека не е интересно, но поради тоа не значи дека подобро се разбира, зашто понекогаш се чувствува надвор од тоа материјално и прецизно расчленување.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во приказните, мирниот човек со умерени гестови, со светло сини очи и длабок глас, е оној кој секогаш излегува како најопасен на крајот, но во вистинскиот живот, а и во оваа приказна, случајот не е баш таков.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Вистинското име на Кинг Џејмс беше Џејмс Кинг, но луѓето правеа инверзија, бидејќи се чинеше дека подобро му прилега и затоа што веројатно тоа му годеше на неговото височество.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сакаше, макар задоцнето, кога Татко речиси ја беше напуштил идејата да ја заврши книгата, да навлезе во нејзините тајни, верувајќи дека подобро ќе ги разбере причините поради кои векуваа границите околу нејзиниот народ.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)