дека (сврз.) - порано (прил.)

Со право, ако навистина мислат да направат така.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во некое списание, наменето за ловџии, или во весник било, пишувало дека порано, пред што младинските работни бригади ги исушиле мртвиците и блатата, во Пелагонија, во Ларинско, Битолско и Прилепско Поле, а тоа значи и во Потковицата, живееле над 400 видови птици, но дека сега биле сосема изретчени па се предлагало, или сами властите предложиле, да се направи некако да се обноват мртвиците и блатата за да се вратат птиците.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Стрпи се, ќе видиме. - Претпоставувам дека порано ги дале...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Знаеше дека порано или подоцна ќе одговори на О'Брајановата покана.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Имаше чувство дека порано веќе бил во овој дел на градот и дека недалеку од тука поминува еден од главните булевари.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На извесен начин таа сфаќаше дека и самата е осудена, дека порано или подоцна Полицијата на мислите ќе ја фати и ќе ја убие, но со друг дел од разумот веруваше дека е можно некако да се создаде еден таен свет, во кој можеш да живееш како што сакаш.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Зачудено ме гледаше додека и објаснував дека порано живеев тука.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Лествичникот, како животно пред борба, напнат во душата како мускул затегнат пред да испрати стрела во пленот свој, изглаголи: „Зарем ти, Филозофе, не рече дека порано, во дамнини дамнешни, луѓето со гласови, а не со зборови се разбирале, и поарно уште одошто денес, кога се служат со зборови?“ „Реков“, рече Филозофот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Штом ги добил овие пари, знаејќи дека гемиџиите имаат голема потреба за помош и дека порано барале таква од Делчев, веднаш го повикал Орце во Женева и му дал 10.000 франци.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Паметам дека порано брат ми често беше колеблив пред вакви одлуки и јас не можев да го сфатам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сега сум јас на ред, изгледа, а тој тоа едноставно го објаснува со еден единствен збор: пубертет.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Каде е сега реката, ја исушиле? – се чудев. - Ја заробиле, тече под улицата – рече таа. Кутрата река Курделес!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Потоа скршнавме десно по една улица за која мајка ми рече дека порано била река и дека токму таму каде што чекориме течела вода кога била дете.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не дека порано беше којзнае колку широко наоколу, но таа залегна таму, а сега самиот ѕид и тоа зошто беше граден, не ја веселеше и ја теснеше.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Знаев дека порано работел како чирак во железничката ложница, потоа како трговски помошник и најпосле во некоја леарница накрај град.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Имено, веќе во првиот лингвистички трактат на словенски јазик „О писменех“, авторот Черноризец Храбар вели дека порано Словените немале букви ни книги, туку пишувале и гатале со црти и рецки.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Едното од тие прашања е прашањето за постоењето на словенско писмо пред Кирил.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
- Еднаш рековте дека порано многу подобро сте успевале да протурите повеќе работи отколку денес.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ако тој знаеше дека порано не му даваше ништо нему, но овој бил добродушен човек.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Кој се ослободил од мегаломанската фантазија дека судбината на Хрватска е нешто единствено на светот, нешто што ни е сфатливо само нам Хрватите во екстаза од сопственото национално чувство и што белосветските игноранти никогаш ни приближно нема да можат да го разберат, тој знае дека порано или подоцна на местото на овој самиот-себеси-направен аутизам ќе мора да настапи рационалното комуницирање со светот.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)