дека (сврз.) - тешко (прил.)

„Ве молам, кога ќе се врати Луција на училиште, внимавајте малку на неа; знаете, таа е во еден вид депресија; мислам дека тешко се снаоѓа; некој од класот ја навредил со некое ливче-шеталче по класот и напишал нешто недостојно за неа; замислете, има луѓе кои и тоа го прават, па за жените пишуваат гадости; не се сите како Вас па да им испраќаат рози во песни“;
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Обајцата ми говореа дека тешко се живее во нивното село.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А читам дека тешко се добивало кредит и уште потешко се исполнувале услови да добиеш позајмица.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Сфати дека тешко ги метка зборовите низ устата кога стјуардесите му прозбореа на српски.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ова ѝ го реков на Пеперутката кога ѝ се роди онаа необична замисла за порачка на повеќе свилени платнени ленти во сите бои: и бела , и црвена, и розова, дури и виолетова.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Притоа тврдев дека тешко може да се создаде живот што се разликува од другите и кој ќе се карактеризира како необичен и посебен!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)