дека (сврз.) - утредента (прил.)

Се надеваше дека утредента, кога се очекуваше да заврши јагулската конференција, ќе можеше да му донесе поволни вести.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тогаш ми кажа дека утредента ќе дојдел човекот кој бил сведок на погибијата од нејзиниот девер, а помал брат на дедо Петре.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И обајцата се согласија дека многу се оддалечија од темата и дека утредента конечно требаше да расчистат со поимот на јаничарството и конечно да поминат на нов збор.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Знам дека утредента, кога на војводата требаше да му ги дадеме парите, ние ни половина ги немавме.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)