дека (сврз.) - да (сврз.)

Само колку за да се знае и за да се прикажува, им рекол, потоа, овдека, во тефтерот, сè е запишано - од-до, од постанокот на Загориче, во Дупка, до моево последно си одење, засекогаш.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Едно време, кажуваат тие, и се задумувал дека да им го остави тефтерот, но веднаш потоа гласно изразувал сомневање дека не се кадарни да исчуваат такво нешто, од непроценлива историска вредност, кога веќе не си ја исчувал земјата и луѓето на неа, и - не им го оставил.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ми се чини дека да не беше таа склоност да се бавам со минатите неуспеси, би направил корисни и, дури, можеби, и големи дела.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И се смеам на сопствената глупост зошто дури сега јас сфаќам дека да се обидам да откријам колкумина се овие што ме тепаат е исто што и да погодам колку љубовници свеска ми имала во животот!
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)