дека (сврз.) - или (сврз.)

После нашиот одговор на објавената во вашиот лист статија под заглавие „Шпијунлуци и инквизиције бугарске“ ние така и си мислевме, дека или ќе замочите или ќе го смените тонот на вашите глупости.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во својство на управувач, членот на Внатрешната партија често треба да знае дека ова или она парче информација е невистинито и може често да биде свесен дека целата војна е лажна и дека или не се води, или се води за сосем други цели од прокламираните: но таквото знаење лесно се неутрализира со техниката на двомислата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Почна да се плаши дека или не ќе може да издржи или ова тропање ќе му го одземе задоволството на раскажувањето токму во моментот кога ќе дојде до поентата на анегдотата, до неочекуваната тепачка што требаше да предизвика смеа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
И тоа ме наведе на заклучокот дека или си професионален сликар, или не си.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Ќе се обидеме да кажеме по некој збор за секоја одделно.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Најзначаен дел во првата глава е истакнувањето на двата суштествени моменти на идеологијата, за кои авторот смета дека или се мешаат или бидуваат занемарени.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Можам да манијачам по ФБ и да видам дали е мажена или не, многудетна или не и, ако виси на компјутер по цел ден, можам да погодам со прецизност 50-50 дека или е невработена или во „државно“ работи.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Но знам дека отец Стефан таму беше и дека ми се спротивстави; знам дека или јазикот или ушите на отец Стефан неподобни му се за душата негова, чиста и благородна, и дека ова недоразбирање е плод на таа неподобност.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Да тепаш толкав пат кога Германија ја водеше најтешката војна, само за да легнеш некое русокосо, може слободно да се запише дека или си скраја од умот или си го згрешил друмот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Видете му го размислувањето и пресудите какво шуто отелила мајка му.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Некои веќе велеа дека или во текот на ноќта или утредента ќе одиме на линијата, во борба.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Од околните села и откај Превалот надоаѓаа селани и војници на ДАГ.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)