дека (сврз.) - СССР (скр.)

Сè позачестените дописи од страна на дипломатско-конзуларните претставништва на Велика Британија дека СССР веќе размислува и дејствува во однос на редефинирањето на повоените граници биле причина британскиот министер за надворешни работи, Антони Идн, во средината на 1944 година, на овој проблем да му пристапи со сета сериозност, бидејќи тоа ги загрозувало интересите на Велика Британија на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но таа идеја на Британците секако била задоцнета, имајќи предвид дека СССР, во август 1939 година, потпишал договор со нацистичка Германија за меѓусебна соработка, и заедно ја поделиле Полска.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во СССР Сталин, откако ја наследил врховната власт од Ленин, прецизно пресметал дека СССР доцни околу седумдесет години зад европскиот запад.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Британските ветувања не биле примамливи во тој момент за СССР.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тој, пред сѐ, се вознемирил од „развојот на настаните, кои ја покажувале намерата на Советската влада за доминантно влијание на Балканот“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)