дека (сврз.) - барем (чест.)

Тој отпрвин си мислеше дека барем за надворешниот свет нема да се измени ништо спрема поранешното.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Понатаму: Постојано сакав да ме истепате зашто бев сигурна дека никогаш не би можеле да го сакате мојот задник, но ако го истрескавте, тоа ќе значеше дека барем на некој начин сте го прифатиле.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Сепак, контингентноста на повтор­ната средба на овој пар е помалку отрезнувачка од помислата дека барем во еднаков број линиинасветотприказната таа не се ни случила.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
(...) Се надеваме дека барем следново е разјаснето: досегот, вредноста, изворноста не зависат од „маниризмот“ или „неманиризмот“.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Си велеше дека барем ќе ја израдува Мајка, кутрата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Бојан се надеваше дека барем додека е ден не ќе биде загрозен од нив.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Знаеше дека барем од волците ќе може да се одбрани и себеси и добитокот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И зошто да кријам, бев среќна дека барем неговиот сон ми верува штом ја отчепил стерната за да дотече вистината.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
(Нели, чудно јачат зборовите кога шетаат по одаите на сонот).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Речиси секој сонува. Оној кој е спречен да сонува, тој мечтае.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дали навистина мислеше така или искористи само уште еден од изговорите што умешно ги поставуваше како најприродни пречки помеѓу моето љубопитство и нејзините недопирливи тајни?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А бев сигурен дека барем во сонот дружи со некого од нејзиното минато?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Едниот глас ќе викнеше: „Еј, Ведране, сврти се“, а другиот некако од поодалеку ќе одговореше „Не, не сум Ведран! Така ме викаат другарите! Иван сум јас!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но кога ја прашав од кои причини ги криеме начините на кои општиме со своите спомени таа отворено ми наговести дека искреноста е еден вид разголување.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Поголемиот дел од современата философија вклучува критика на јазикот и поглед на начинот на кој всушност јазикот функционира. (Таа не се занимава со хипотетичните состојби и фантазии за начинот 38 Margina #4-5 [1994] | okno.mk на кој јазикот е претпоставен да функционира но не функционира.) И, се надевам разјаснив, дека барем дел од неа е непосредно релевантен за нашето спроведување на терапијата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Бев многу колеблив, но научив да го следам патот по кој ме водат нештата, па започнав да ја читам современата философија и бев многу изненаден кога го открив тоа што го открив.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Не очекувам дека сите што ќе ја прочитаат книгава ќе ги убедам во полезноста на мојот предмет, но се надевам дека барем јасно ќе ја покажам вистинитоста на интелектуалните влогови во моето испитување на машката геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
- Марина, татко ми изгледа ќе се ожени за учителката Вера, - ѝ реков еден ден на Марина на големиот одмор, чувствувајќи дека барем некому морам да му се доверам.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- Томо, може ли да те прашам нешто? - овој пат беше повеќе од директна, мислејќи дека барем на овој пилиштарец може да му се обрати во прво лице.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Но, госпоѓо, мислам дека барем овде нема причина за возбудување.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И, бидејќи ме чита дека мислам оти не е фер, тој се обидува да се оправда: „Дете, јас не им штетам, тревите секако ќе им помогнат, па ти не знаеш дека барем пола од нив се враќаат да ме почестат бонбониера и тоа од оние скапите, ’Гриоте’ и ’Бајадера’, полн ми е подрумот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ако решиш да ме заборавиш еден ден... во мене нема да згасне огнот, сѐ додека постоиш ти, јас од бескрајот ќе се надевам, дека барем уште еднаш.... ќе го слушнеш крикот на една вљубена душа барем уште еднаш ќе бидеш само мој!!!!
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Александар гледајќи ги бесните лица на гардистите, сфати дека барем на кратко ќе биде безбеден. А потоа...
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Каков доказ има тој дека барем едно единствено човечко суштество кое живее сега е на негова страна?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа беше момент на несигурност, сѐ дури да проговори неговата повреденост во бес на маж одбиен по толку мисли и тајни надежи, одбиен од жената која му е в куќа, чиј кревет е еве тука, од жената за која мислеше дека барем донекаде ја подвластил.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Многу е страшно ова да се каже, но кога синчето умре, ете, убедена сум, дека ти помисли за тоа дека барем една грижа помалку.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Марија сфати дека барем засега ќе живеат скитнички живот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Пелагија клечеше крај неговата глава, го оплакуваше во себе, без глас и без солзи, оплакување што повеќе беше монолог отколку дијалог, всушност не кревајќи ја главата, чувствувајќи со снагата и слушајќи со ушите што се случува во одајата, кој доаѓа и кој заминува, таа му вели на старецот и се надева дека немите зборови што ги пушта во отворените очи во кои сега светот е сведен на таванот, дека незнајно како тие стигнуваат и до оној дел на старецот што уште не е заминат, а и до неговата дебела половина, до бабата Петра, која во мигот го слуша ритмичното вртење на тркалата од возот Ти дедо Костадине ја сврши најдобрата работа така да знаеш ги откорна бегалците од овој батак и ги упати назад во коренот во здивот на дедовците не е важно што ти и јас остануваме тука така ни е пишано зар не така ни било чкртнато да останеме во проклетава рамница за да бидеме дира на нашето талкање оти колку сакаш кажувај му некому дека си бил таму и таму си проживеал тоа и тоа ако не оставиш потврда за тоа како што направи сега ти кога ги напади сите во брегчињата и ритчињата на Македонија а ти остана тука каде што не сакаше да останеш за што јас живата и осрамотената ти сум бескрајно благодарна што ќе бидеме заедно ти во меката кална утроба на земјата јас земјосана калосана врз земјата со тоа што знам дека ти уште сега јуриш да го стигниш возот за да бидиш заедно со твојата благородна баба Петра и внучињата додека твоите коски ќе бидат тука додека еден ден не заминат со мене и не тагувај нема в земји да те положам додека не најдам такво место какво што бараше ти биди спокоен смири си ја душата пушти ја да ѝ биде поткрепа и надеж на баба Петра а ти како што гледаш не си сам не оти јас ти седам над глава туку ако смогнеш сили да ја свртиш главата ќе видиш дека одајката ваша никогаш не била пополна со луѓе отколку сега оти тука се сите што те сакаа ама и оние што те колнеа кога се затвори во вагонот Папокот Корнулов за кои не се знае уште колку ќе останат тука оти се шушка како некои вагони на товарниот колосек се полнат со секакви шејови тука е и Друже Србине кој се радува што не си замина со другите мисли дека барем овие што не се заминати ќе останат со тебе и да знаеш мислам дека е во право зашто еве јас ќе бидам тука Танаско децава школнициве цела година ќе се ловат по широкиве и празни улици! сака да го продолжува својот монолог ама одајчето е полно со тела и врева и таа не си ги слуша мислените зборови, мислата ѝ ја запираат, ѝ ја раскинуваат.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Веруваше дека вилицата му ја изместил и дека барем едно ребро му скршил...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ако не можеме да бидеме заедно, ако неможам секој ден да ти покажувам колку те сакам, останува да се надевам дека барем понекогаш се сеќаваш на моите лудории кои ти правеа рингишпил во главата, кои те скокоткаа и блага насмевка ти се појавуваше на усните.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Се надевам дека дождот некаде ти ја мокри косата како и мене и кога животот нема да ти биде лесен, кога ќе бидеш налутен и скршен ќе се сетиш на мене и колку беше лесно да се живее животот и топлина ќе ти ја обземе душата.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
На Цвета маќеата нѐ убедуваше дека барем вода треба да пиеме зашто ќе се разболиме, но јас не се согласував.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)